Чест и задоволство е да се биде меѓу најдобрите сајтови во Македонија седма година по ред! Пријатели, време е да славиме! Да славиме сите заедно и да се радуваме на уште еден заеднички успех. Сѐ за храна помеѓу победниците на Сајт на годината 2019!
Што можеме да кажеме повеќе освен да се заблагодариме на сите кои гласаа за нас, на жирито и на организаторите. Драги читатели и овој пат, наградата ја посветуваме на вас, кои ни дадовте голема поддршка за време на гласањето, но и преку целата година!

Седма година по ред sezahrana.mk е дел од победничките сајтови во Македонија. Прогласувањето на најдобрите македонски веб сајтови е манифестација на која Сѐ за храна учествува традиционално од нејзиното постоење, односно по седми пат досега. Наградите се бројни и многу ни значи што секоја година сме дел од најдобрите.
Сајт на годината е манифестација на која по 10-ти пат се избираа најдобрите веб сајтови во Македонија во повеќе категории. Истата беше организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep an eye. Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на веб сајтовите во Македонија.
На крај, ви посакуваме среќни празници и ви порачуваме да верувате истрајно во она што го работите за да го остварите сонуваниот успех, а на сите кои нѐ поддржавте и гласавте за нас срдечно Ви заблагодаруваме!
Марија и Катерина