Тава ориз без рерна - традиционален вкус на лесен начин

Тава ориз без рерна – традиционален вкус на лесен начин

„Едноставно и гарантирано вкусно! Идејата ми дојде во момент кога имав потреба да се ,,снајдам”, кога спремајќи куќна слава, за време на сите подготовки немав струја. Кој би рекол во овој век нели!? – Но ете, така бидна и сите гости бендисаа, па ви споделувам како да направите тава ориз без рерна! – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

Одлично посно јадење или совршен прилог за разни пригоди. Мојот предлог е комбинација со печено пиле, но се задржувам на рецептот за оризот. Верувам ќе ви се допадне многу штом пробате и ќе ги чекам вашите впечатоци и коментари!“ – препорачува @katerina.shambevska, од која може да погледнете повеќе рецепти ако кликнете на линкот на нејзиното име.

Тава ориз без рерна - традиционален вкус на лесен начин

Состојки:

Дополнително:

  • масло по желба, за запржување
  • 6 чаши врела вода за оризот.

Забелешка: Количините варираат зависно од големината на намирниците, секако и од вкусот, ви давам пример на количини, а вие по потреба прилагодете си.

Тава ориз без рерна - традиционален вкус на лесен начин

Подготовка:

  1. Морковите измијте ги, изрендајте ги и ако сакате посладок вкус и поизразита жолта боја на јадењето, кратко запржете ги.
  2. Оризот исчистете го, измијте и додајте го во садот за готвење. Може да го запржете кратко со постојано мешање и да ја додадете врелата вода како што направив во овој пат – види ја сликата, или само да го додадете оризот без запржување и веднаш потоа да ја додатете и врелата вода, се добива многу сличен ефект.
  3. Варете на средна температура со повремено промешување, а во меѓувреме додајте ги и зачините.
  4. Штом пробате дека оризот скоро се сварил, додајте го и припремениот магдонос, измешајте и затворете го садот со капак. Оризот во овој момент треба да е мек, но да има способност да ја впие малата количина на течност која се забележува при мешањето. Имајте предвид дека штом отстои 10-15 минути ќе изгледа баш како мојот на сликата. Брзо и лесно, вашата тава ориз без рерна е готова и ќе имате одлично посно јадење или совршен прилог за разни пригоди. Промешајте, сервирајте и на здравје!

Совети плус:

  • Оваа идеја ви ја предлагам како испробана и идеално добра замена на тава ориз во рерна.
  • Често ја правам и без печурки.
  • За запржувањето ви давам алтернатива, зависно од начинот на кој се храните. Ако сакате потрадиционално, запржете, ако сакате помодерно и на некој начин поздраво, само сварете. Разликата е многу мала во вкусот.

Препорака од авторот:

Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви предлагаме да прочитате: Полнети топчиња од ориз.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан од Сончева долина.

Сподели: