тарагон естрагон 1

Тарагон – моќен носител на вкусови и зачинот кој ја крие тајната за добра „Цезар“ салата!

Интересниот тарагон е „витален“ зачин од кујната на многу европски земји, а посебно е познат и користен во Франција. Важи за префинет зачин кој има нежен слатко-горки вкус со арома слична на анасон, па дава посебен печат на вкусот на јадењата. Тарагонот е познат како моќен носител на вкусови во кујната, почнувајќи од салати, па до главни јадења со месо и риба, во преливи и интересни прилози за гарнирање.

Овој многу популарен зачин во светот на храната и готвењето сега е лесно достапен и кај нас! Прочитајте подетално за неговата употреба, каде може да го најдете и пробајте го, нема да зажалите!

тарагон естрагон 2

Од кога датира употребата на тарагонот?

Тарагон, или уште познат како естрагон е автохтона билка која потекнува од Јужна Европа, а денес може да се најде во посушните предели на Северна Америка, Јужна Азија и Сибир. Латинскиот назив му е „Artemisia dracunculus“. Интересно за името е тоа што „dracunculus“ во превод значи „мал змеј“, а се смета дека го добило според изгледот на неговиот корен или поради неговата „огнена“ арома. Во секој случај, за тарагонот се верувало дека има моќ на исцелување при каснување од змија и други отровни животни.

Податоците на истражувачите зборуваат дека во древните времиња, сокот направен од естрагон и коморач, бил омилен напиток на индиските кралеви. Уште од тогаш, предците го користеле како лек кој ги чисти крвните садови, помага при пореметувања и болести на желудникот, менструални и забни болки, како и за подобрување на апетитот.

Каде сѐ може да го употребуваме?

Убавата силна, чиста и слатка арома на тарагонот е неспоредлива. Тарагонот е корисен зачин за вкусна арома на јадењата!

Неговата употреба е многу широка:

Многу често е користен во подготовка на преливи, а посебно во комбинација со винска киселина, со сенф и мајонез, каде го истакнува вкусот на јадењето.  Тој е еден од зачините кој го „обележува“ вкусот на повеќе познати светски салати. Баш е соодветен за зачинување на салати со пилешко месо, ракчиња и туна салата. А, најпозната салата чиј вкус не би бил ист и е омилената на голем број луѓе во светот е „Цезар“ салатата!

Може да го сретнете како дел од разни сосови, а посебно е користен во француската кујна. Особено е користен во вкусните бешамел, „холандајз“, „беарнајс“ и тартар сос.

Освен за салати, тарагонот е прекрасен за зачинување на месо, зеленчук и сирење. И не само тоа, им дава нов вкус на печените компири или секојдневно припремените јајца.

Фантастично одговара за зачинување на мрсните морски риби, морските плодови и ракчиња, а добро се вклопува и со слатководни риби.

Одлично се вклопува кога е комбиниран со путер и како состојка во крем супи.

Исто така, може да се користи за подготовка на чај и за зачинување на пекарски кифли и специјалитети од тесто, затоа што во оваа комбинација се истакнува свежината на аромата која потсетува на анасон.

Важен кујнски совет:  Кога готвите со тарагон, важно е да го запазите времето на додавање.  Секогаш додавајте го непосредно пред крајот, зашто предолгата термичка обработка може да му даде извесен степен на горчина на јадењето. Со цел да го искористите неговото поволно влијание врз вкусот, а да спречите да му даде горки ноти, додавајте го неколку минути пред да го тргнете јадењето од оган или непосредно потоа.

тарагон естрагон 3

Од каде може да се набави?

Обично сакаме да набавуваме од проверени производители, па можеме да ви препорачаме да го пробате тарагонот на Рајска градина. Мирисот, вкусот и аромата која ја дава се со испробано врвен квалитет. Побарајте го во поголемите маркети и уживајте во светскиот вкус на домашната трпеза. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Таратур салата – мезе и оброк.

Сподели: