Тајната на лековитоста на јаболковата киселина

Дали знаете дека уште во старите времиња јаболковата киселина била позната како природен лек за прочистување на организмот и намалување на вишокот на килограми? За лековитата јаболкова киселина може да се каже дека е најдобриот тип на киселина која треба да биде дел од секоја трпеза.

Во јаболковата киселина покрај оцетната киселина која дејствува како природен антисептик и конзерванс, се наоѓаат повеќе од 90 различни состојки.  Таа содржи околу 20 витамини, минерали, природни ароми, овошни киселини, пектин и ензими. Од витамините, најзастапени се А, Ц, Б1, Б2, Б6 и Е, а од минералите: калиум, натриум, калциум, магнезиум, фосфор и сулфур.

јаболкова киселина

Јаболковата киселина како природен лек

Благодарение на својот состав, јаболковата киселина претставува извонреден природен производ кој може да придонесе за зачувување на здравјето. Научно е докажано дека јаболковата киселина:

  • ја одржува виталноста
  • го освежува организмот
  • ја поттикнува работата на метаболизмот
  • го зајакнува имунитетот
  • има поволно влијание врз циркулацијата
  • ги штити крвните садови и срцето
  • ја прочистува крвта од токсичните материи
  • ја подобрува на психофизичката состојба на организмот
  • го намалува ризикот од хипертензија и згрутчување на крвта
  • помага при регулирање на нивото на холестерол и маснотии во крвта.

Поради своето дезинфекциско и антибактериско дејство, поволно влијае врз системот за варење, а помага и за спречување инфекции на дишните патишта.

Јаболковата киселина ја подобрува и функцијата на бубрезите и ги ублажува симптомите од инфекциите на мочните патишта.

При купувањето, најдобро е да изберете свежа, органска и непастеризирана за да може да ги искористите сите придобивки кои ги нуди. Произведена по пат на природна ферментација на јаболковиот сок, јаболковата киселина може да го задоволи вашиот организам со природни витамини и минерали и да го подобри вашето здравје.

Нека биде прв избор при зачинување на салати, а ако имате вишок на килограми направете пијалак со јаболкова киселина за слабеење.

Ви предлагаме да прочитате: Јаболкова киселина – храна и лек за 27 болести.

Сподели: