брза погача без квасец

Тепана погача

Вкусна и брза погача што секој може да ја направи! Нашите пријатели од Алфа Плам повторно ни откриваат стар и традиционален рецепт од нивниот крај. Специфично за оваа тепана погача е тоа што се прави на многу едноставен начин и тоа без квасец. Според нивната традиција погачата се служи со пифтија за православниот празник Богојавление – Водици.

Денес направете промена! Наместо да купувате леб, замесете вкусна тепана погача без квасец и уживајте во нејзиниот неверојатен вкус. А за подготовка потребни ви се неколку едноставни состојки и малку слободно време.

брза погача без квасец

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 400-450 мл млака вода
  • 2 лажички сол
  • масло за премачкување.

Подготовка:

  1. Во поголем сад ставете го брашното. Додајте сол и сода бикарбона.
  2. Постепено додавајте млака вода и замесете мазно и цврсто тесто. Месете околу пет минути и додавајте брашно по потреба.
  3. Тавата за печење премачкајте ја со масло. Тестото ставете го во тавата и обликувајте го. Оставете го на собна температура околу 10 минути.
  4. Погачата ставете ја да се печи во претходно загреана рерна на 220 степени за време од 30 минути.
  5. Погачата послужете ја додека е топла во комбинација со млад кајмак. На здравје!

Наша препорака:

Најубавиот почеток на денот е кога од кујната ве освојува мирисот на топла погача. А погачата ќе биде највкусна ако е подготвена во шпорет на дрва. Широката палета на производи од Алфа Плам, освен шпорети со електрична и комбинирана програма, нуди и разни модели на шпорети на дрва. Разгледајте ги нивните производи на нивната веб-страница од каде што може и да нарачате шпорет по ваш избор. За сите новости следете ги на нивните фан страници на Facebook и Instagram. Уживајте во готвењето со Алфа-Плам!

погача без квасец

Ви предлагаме да прочитате: Ѓувеч со тарана и пилешко месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: