ѓувеч со тарана и пилешко месо

Ѓувеч со тарана и пилешко месо

Време е за ново гурманско доживување! Нашите пријатели од Алфа Плам со задоволство ни споделуваат еден одличен рецепт за ѓувеч со тарана и пилешко месо. Тие велат: „Да дојдеш во Врање и да не пробаш тарана е непоправлива загубa. Тараната може да се подготви на неколку начини, со или без месо. Традиционално, ѓувеч со тарана се подготвуваше во времето на берење грозје.

Овој супер рецепт за ѓувеч со тарана и пилешко месо сигурно ќе го обожавате, а се подготвува за кратко време. Во продолжение погледнете кои состојки ви се потребни и не пропуштајте да го пробате ова старинско традиционално јадење.

ѓувеч со тарана и пилешко месо

Состојки:

  • 500 г домашна таранa
  • 500 г пилешко месо
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 чаша доматен сос
  • масло
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Тараната ставете ја во сад на оган и така без масло кратко пропржете ја додека добие светло кафеава боја.
  2. Пилешкото месо исечете го на коцки. Кромидот и морковот ситно исечкајте ги. Ставете ги во претходно загреано масло и пропржете ги. Додајте од доматниот сос и малку вода. Варете додека месото омекне.
  3. Потоа, додајте ја тараната, посолете по вкус и варете уште неколку минути на пониска температура.
  4. Целата смеса префрлете ја во глинен сад и ставете ја да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути.
  5. Ѓувечот послужете го додека е топол и уживајте во фантастичниот вкус. На здравје!

Совет плус: 

  • За најдобар вкус, јадењето послужете го со топол, по можност домашен леб, со крцкава кора.

Наша препорака:

Сигурни сме дека ви се допадна овој интересен рецепт кој доаѓа од ризницата на нашите пријатели од Алфа-Плам и сакате да го подготвите што поскоро. Но, за да го доловите вкусот на ѓувечот со тарана и пилешко месо во вашиот дом најдобро е да го печете во шпорет на дрва. Дали знаете дека освен шпорети со електрична и комбинирана програма, широката палета на производи од Алфа Плам нуди и разни модели на шпорети на дрва? – Разгледајте ги нивните производи на нивната веб-страница од каде што може и да нарачате шпорет по ваш избор. А за сите новости следете ги на нивните фан страници на Facebook и Instagram. Уживајте во готвењето со Алфа-Плам!

ѓувеч со тарана и пилешко месо

Ви предлагаме да прочитате: Јагнешка капама со спанаќ.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: