јагнешка капама со спанаќ

Јагнешка капама со спанаќ

Традицијата вреди да ја зачуваме и продолжиме! А традиционалните рецепти кои се пренесувале од генерација на генерација се оние најубавите и највкусните, нели? – Со големо задоволство, нашите пријатели Alfa-Plam споделуваат баш таков рецепт за јагнешка капама со спанаќ! Тие велат: „Ова е традиционално јадење кое најчесто се подготвува за велигденските празници. Вообичаено се прави со јагнешко месо и спанаќ, но може да се комбинира и со друг вид на месо. А бидејќи сега преку целата година имаме спанаќ и блитва, капамата може да ја направите кога ќе посакате.

Па, драги пријатели, време е да го испробаме и овој рецепт! Состојките се едноставни, а подготовката лесна.

капама со јагнешко месо и спанаќ

Состојки:

  • 500 г јагнешко месо
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 500 г спанаќ или блитва
  • брашно по потреба
  • масло
  • сол и црвена пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Месото исечкајте го на коцки.
  2. Лукот, кромидот и морковот ситно исечкајте ги и ставете ги во посебен сад.
  3. Месото посолете го и извалајте го во брашно. Во голема тава или тенџере ставете масло да се загрее. Во загреаното масло кратко пропржете го месото од сите страни додека порумени.
  4. Извадете го месото од тавата и во истото масло пропржете ги лукот, кромидот и морковот. Посолете по вкус и пржете додека поруменат.
  5. Вратете го месото во тавата и додајте 1 л вода. Оставете да се вари на тивок оган околу 90 минути.
  6. Спанаќот исчистете го и убаво измијте го. Кога месото ќе биде сварено додајте го спанаќот, зачинете со црвена пипер и варете уште 10 минути.
  7. Готовата капама послужете ја со овчо или кравјо кисело млеко. На здравје!

Наша препорака:

И за крај, им се заблагодаруваме на нашите пријатели од Алфа-Плам за сите убави рецепти кои ги споделуваат со нас. Нивните производи се достапни и на нашиот пазар, а долгогодишната традиција и квалитет ги прават прв избор штом станува збор за шпорети и грејни тела. А дали знаете дека во нивната палета на производи може да најдете електрични шпорети, комбинирани електрично-плински уреди, мини електрични шпорети, решо и плинско решо? – Разгледајте ја широката палета на производи на нивната веб-страницата од каде што може и да нарачате шпорет по ваш избор. А за сите новости следете ги на нивните фан страници на Facebook и Instagram. Уживајте во готвењето со Алфа-Плам!

јагнешка капама

Ви предлагаме да прочитате: Самса – врањанска пита за гурмани.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт

Сподели: