самса алфаплам

Самса – врањанска пита за гурмани

Овој пат гурмански патуваме во Врање и ве запознаваме со традиционален рецепт кој веруваме дека ќе ве освои! Станува збор за самса која е позната како врањска празна пита чија арома и сочност доаѓаат од преливот со кисело млеко и лук. Самсата е карактеристична за Врање и неговата околина. Се верува дека секој дом има свој рецепт за подготовка, но сепак главни состојки на питата се лукот и киселото млеко.

Ја има и на менијата во рестораните, во пекарите, но сите жители од Врање тврдат дека токму домашната е најубава. Може да ја направите и со готови кори, но како што рековме, домашното е највкусно. Веруваме дека гурманската пита – самса со извонреден вкус и арома често ќе биде дел од вашето мени.

Самса

 Состојки:

  • 1 кг меко брашно
  • 500 мл млака вода
  • 400 мл масло или свинска маст
  • 1 л кисело млеко
  • 5 чешниња лук
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Во поголем сад ставете ги брашното, млаката вода, додајте сол по вкус и замесете тесто.
  2. Тестото поделете го на десет топчиња. Со помош на сукало, секое топче исукајте го во круг.
  3. Круговите тесто премачкајте ги со масло или свинска маст и спојте ги две со две, така што, ќе добиете пет кругови.
  4. Така споените кругови оставете ги покриени да отстојат околу еден час.
  5. На чаршав посипан со брашно, еден по еден круг истегнете ги во тенка кора со дијаметар до 1м.
  6. Корите премачкајте ги со маст или масло и свиткајте ги во ролна.
  7. Ролните од тесто наредете ги во тава, исечете ги на парчиња и премачкајте го со маст. Питата ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час.
  8. Во меѓувреме, лукот ситно исечкајте го и ставете го во посебен сад. Додајте го киселото млеко, посолете по вкус и измешајте.
  9. Питата извадете ја од рерна и прелијте ја со преливот од кисело млеко и лук. Потоа, вратете ја во рерна уште неколку минути за питата да го апсорбира преливот.
  10. Готовата пита послужете ја додека е топла и уживајте во фантастичниот вкус!

Наша препорака:

Дали знаете како да го доловите вкусот на самсата во вашиот дом? Печете ја во шпоретите на Алфа-Плам. Алфа-Плам се наши пријатели кои потекнуваат од Врање, па со големо задоволство го споделија овој традиционален рецепт од нивниот крај. Долгогодишната традиција и квалитет ги прават прв избор штом станува збор на шпорети и грејни тела. Во нивната палета може да најдете електрични шпорети, комбинирани електрично-плински уреди, мини електрични шпорети, решо и плинско решо. Разгледајте ја широката палета на производи на нивната веб-страницата од каде што може и да нарачате шпорет по ваш избор. А за сите новости следете ги на нивните фан страници на Facebook и Instagram. Уживајте во готвењето со Алфа-Плам!

Самса

Ви предлагаме да прочитате: Лисната пита со фил од печурки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: