Супер предлог за тестенини со пилешко и брокула, приготвени во кремаст сос! Гурмански рецепт, подобар јадењата кои се наоѓаат на менито во рестораните.
Може да го послужите за ручек или вечера. А плус тоа, ова јадење се приготвува многу брзо. Идејата за рецептот ни доаѓа од нашата пријателката Лана, која го објави на нејзиниот блог Kuhinica Mignone.

Состојки:
- 500 грама тестенини по избор
- 300 грама пилешко бело месо
- 1 помала брокула
- 1 чешне лук
- 200 мл павлака за готвење
- 50 грама пармезан
- масло по потреба
- сол, црн пипер и морско оревче по вкус.
Подготовка:
- Пилешкото месо исечете го на коцки.
- Во нелеплива тава на оган ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги коцките пилешки стек и пропржете ги, додека поруменат. Коцките пилешки стек извадете ги во чинија.
- Во поголемо тенџере ставете 3 литри вода да се варат. Во водата ставете сол. Штом зоврие додајте ги тестенините и варете ги за време од 5 до 7 минути, односно во зависност од упатството кое е наведено на пакувањето.
- Варените тестенини исцедете ги.
- Брокулата исечкајте ја на ситни цветови и кратко обарете ја. Доволно ќе бидат 3 до 5 минути. Брокулата исцедете ја.
- Чешнето лук ситно исечкајте го.
- Во тавата во која се пржеше пилешкиот стек, ставете малку масло. Штом маслото се загрее, во тавата додајте го ситно сечканиот лук. Пропржете го, а потоа во тавата додајте ја брокулата, пилешкото месо и тестенините. Внимателно измешајте ги. На крај, додајте ја павлаката за готвење, пармезанот и зачинете по вкус.
- Готовите тестенини со пилешко и брокула сервирајте ги додека се топли во комбинација со свежа сезонска салата. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Запечени тестенини со брокула, во сос од кашкавал.