Техника за виткање на салфетки во форма на орхидеја

Техника за виткање на салфетки во форма на орхидеја

Ви ја презентираме техниката за изработка на салфетки во форма на орхидеја. Одлична е за збогатување на важните и убави моменти во животот, за декорација на вашата трпеза при куќна слава или било кога што ќе имате желба да направите нешто убаво за вашите блиски.

Разните свечености се убави токму поради ваквите декорации. Направете некој ваш настан да биде поубав и побогато декориран, а што е важно на едноставен начин кој може да се изведе дома.

Техниката за виткање на салфетки во форма на орхидеја е следната:

Потребна ви е памучна или цврста салфетка која добро ќе се витка и ќе ја задржува својата форма. Добро е да биде правоаголна. Превиткајте ја по должина, така што отворениот раб ќе биде свртен на кај вас. Потоа, започнувајќи од горните агли, кон средината направете триаголна форма, а за најлесно да разберете погледнете го видео приказот. Триаголната форма, потоа со превиткување претворете ја во четириаголна, па завртете ги краевите и превиткајте ја салфетката на половина. Прицврстете ја со прстен и декорацијата е спремна.

Оваа техника е одлична, но препорачуваме повеќе пати да ја извежбате доколку сакате да ја примените на важен настан. Уживајте во видеото и споделете со пријателите, а доколку сакате да научите како да направите лотус од салфетки кликнете тука.

Сподели: