liker od belo cokolado 1

Припремете си новогодишна трпеза која ќе го израдува целото семејство!

Празничната магија е тука! Во секој дом се китат безброј радости! Расположението кај сите нас расте. Во секој дом декорирањето е семејна радост, која станува заразна и дом по дом, се пренесува кај сите. Обично се започнува од елката, ламбичките, балоните и честитките. Терасите и дворовите светкаат и симболизираат радост, а кај има нешто подрагоцено од времето поминато со фамилијата и саканите пријатели, нели? А, за сето тоа да биде уште подобро, сите ние сакаме и се трудиме да имаме убаво припремена новогодишна трпеза која освојува со вкус и лик. Ви посакуваме само добрини во новата година и ви предлагаме да погледнете какви идеи ви припремивме!

Оваа година имавме помош и инспирација од богатата палета на Витаминка и покрај другите нешта, ви креиравме интересни слатки додатоци на трпезата. Па, драги пријатели да започнеме со предлозите и идеите!

novogodisna trpeza 7

Чаршаф и салфетки

Како што знаете, главните бои кои ја обележуваат новата година и нејзините радости, во најголема мера се црвената и зелената боја, па обично повеќето домови имаат поставено таков чаршав на масата. А често пати, златната и сребрената нијанса на чаршафи се добра замена и се вклопуваат одлично во различната атмосфера на секој од домовите.

Ако пак немате некој таков чаршаф при рака, секогаш може да уживате во креативни идеи од салфетки, во такви или други бои, па да ги направите во форма на елка или ѕвезди и слично. Еве неколку празнични примери како може да се забавувате со салфетките и да ја затоплите атмосферата уште повеќе.

Пијалак за сладок почеток на вечерта

Пред да се започне со јадењето на останатите нешта, ви предлагаме да наздравите со саканите за сите убави работи кои ви се случиле во изминатата година, а и да си посакате уште повеќе убавини, во новата која следи. Инспирирани од белото чоколадо – Синтагма млечен крем за торти на Витаминка, ние веќе го подготвивме нашиот омилен ликер од бело чоколадо и топло ви го препорачуваме и на вас, па повелете линк до рецептот.

liker od belo cokolado 2

Кифлички, солени мафини и соленки

Трпезата не би била иста без нив, па еве неколку испробани рецепти:

Салати

Кремастите салати се полн погодок за зимските денови, еве испробан предлог:

Печено месо

За многумина, богатата трпеза со свинско месо симболизира богатство и просперитет. Па, ако сакате да припремите нешто такво, повелете испробани рецепти:

Десерт

Целата прослава не би била доволно добра и убава, ако нема некој убав и неодоливо вкусен десерт. Тука имавме голема инспирација и креативност, па се надеваме дека ќе ви се допадне нашиот предлог и дека прекрасните новогодишни елки од корнeти со чоколаден фил, ќе се најдат и на вашата трпеза. Како што можете да видите од фотографиите, веќе ги направивме и проверено се вкусни, вашите сакани ќе ги обожаваат и долго ќе ги паметат. За рецептот кликнете тука.

novogodisni korneti 4

А ние за крај, со десертот ќе ви препорачаме да си направите и филџан кафе. Ние и нашите пријатели од Витаминка ви посакуваме среќни празници и само убавини во новата година!

Ви препорачуваме да прочитате: Брз празничен десерт во чаша со пудинг од ванила.

Сподели: