Обожавате ли бело чоколадо? Време е да го пробате нашиот најнов рецепт за ликер од бело чоколадо! Совршен за празниците, повод плус за да се видите со пријателите и да уживате во домашна топла атмосфера со многу сијалички и лампиони.
Инспирирани од белото чоколадо – Синтагма млечен крем за торти на Витаминка, приготвивме ликер на кој ретко нема да можете да одолеете. Тој е наш избор за новогодишната трпеза, а веруваме дека ќе ви се допадне и вам.

Состојки:
- 300 мл трајно млеко
- 3 лажици шеќер
- 200 грама Синтагма млечен крем за торти – бело чоколадо
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 300 мл вотка или ракија по избор.
Подготовка:
- Млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер, ставете ги во тенџере на оган, на умерена температура. Штом млекото зоврие, тенџерето тргнете го од огнот.
- Во тенџерето додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте со лажица додека се растопи.
- Ликерот од бело чоколадо оставете го да се излади.
- Во изладената течност додајте ја вотката (или ракијата) и измешајте.
- По желба, ликерот процедете го низ цедилка и ставете го стаклено шише. Готовиот ликер од бело чоколадо чувајте го во фрижидер. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Совет плус: За чување на ликерот користете поголемо шише. При тоа треба да оставите простор, за да може ликерот подобро да се измеша пред служење.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен чоколаден ликер со чоколадо и ванила.