Разубавете ја велигденската трпеза со брз десерт во чаша! Нема потреба да изгубите многу часови во кујната за да направите слатко совршенство. А што е уште поважно, секој може да го направи овој брз десерт богат со ванила крем. За да ви ја олесниме подготовката и да ви заштедиме време кое може да го поминете со семејството и пријателите, детално ви напишавме кои производи ги набавивме за подготовка.
Овој пат наша инспирација беа производите на Витаминка. А за да ја разубавиме трпезата избравме пудинзи и шлаг крем од ванила, со убава жолта боја, како пролетните лалиња. Вкусот го дополнавме со Синтагма бело млечно чоколадо за торти и бел Луна крем, како и крцкавите интегрални Деспина кекси. Вистинско уживање во чаша за убавите празнични мигови!
Состојки:
- 1 ½ пакување Деспина интегрални кекси со овесни снегулки
- 50 грама Синтагма бело млечно чоколадо за торти
- 2 лажици бел Луна крем
- 500 мл млеко
- 3 лажици шеќер во прав од Витаминка
- 2 пудинзи ванила од Витаминка
- 2 кесички шлаг крем ванила од Витаминка
- 400 мл млеко
- 2 кесички шлаг пена од Витаминка
- 200 мл млеко.
За декорација:
- Деспина кекси, бело чоколадо Синтагма и ливчиња нане.
Подготовка:
- Во сад на оган, на умерена температура ставаме 400 мл млеко да се вари.
- Во друг сад ги ставаме пудинзите од ванила и шеќерот во прав. Ги мешаме со лажица. Во садот, со постојано мешање додаваме 100 млеко.
- Штом млекото зоврие, во садот ги додаваме пудинзите. Мешаме додека пудингот се згусти за време од 2-3 минути. Садот го тргаме од оган и го оставаме пудингот да се излади.
- Интегралните колачи ги мелеме и ги ставаме во длабок сад. Белото чоколадо го рендаме на ситната страна од рендето и ги додаваме во садот со мелените колачи. Мешаме со лажица. Во садот додаваме бел Луна крем и мешаме повторно.
- Шлаг кремот од ванила го ставаме во сад за матење. Во садот додаваме 400 мл млеко. Матиме со миксер за време од 3-5 минути, додека се добие густ крем.
- Во садот со шлаг кремот постепено додаваме од изладениот пудинг. Матиме со миксер додека се добие хомогена смеса.
- Во друг сад за матење ја ставаме шлаг пената и додаваме 200 мл млеко. Матиме со миксер за време од 3-5 минути додека се добие густа шлаг пена.
- Во 6 чаши ставаме по 1 до 2 лажици од мелените колачиња со чоколадото. Врз нив нанесуваме од ванила кремот.
- На крај во чашите додаваме од изматената шлаг пена и декорираме со парчиња бело чоколадо, кршени интегрални бисквити и гранчиња нане.
- На крај, послужете ладна Цевитана со вкус по ваш избор и дочекајте ги празниците среќни и весели! На здравје!
Препорака од авторот:
Ако ви се допадна рецептот и сакате да го направите, а имате прашања – слободно пишете ми и пратете ми ги вашите фотографии. Ќе ми биде задоволство да ги погледнам фотографиите и споделам на моите профили на Facebook и Instagram. Следете ме на:
Разгледајте дел од мојата галерија на солени и слатки рецепти.
Автор на рецепт: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Автор на фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
*Комерцијален рецепт.
Ви предлагаме да прочитате: Велигденска крем салата со Стоби флипс.