Тирамису бомбици 1

Тирамису бомбици

Како и да го јадеш, во било која форма да не подготвено, тирамисуто е еден од омилените вкусови во светот. Позната е неговата специфична арома која го прави неодоливо, а Кате овој пат ни дава супер идеја за да го пробаме во вид на тирамису бомбици.

Малечки и симпатични колачи, погодни за визити и разни прослави. Секое време е добро време за да се пробаат!

Тирамису бомбици 2

Состојки:

  • 180 гр црно чоколадо
  • 180 мл топло црно кафе
  • 24 мелени бисквити
  • 1 лажица инстант кафе
  • 220 гр маскарпоне.

За чоколадирање:

  • 180 гр темно чоколадо
  • 2 лажици масло.

За посипување:

  • по потреба (желба) шеќерни трошки, цимет, какао, сечкани бадеми.

Подготовка:

  1. Чоколадото искршете го на парчиња и прелејте го со претходно свареното врело кафе. Мешајте додека чоколадото се растопи.
  2. Во друг сад измешајте ги мелените бисквити и инстант кафето.
  3. Откако чоколадото малку ќе се излади додајте го маскарпонето и измешајте.
  4. Додајте ги мелените бисквити со инстант кафето. Убаво измешајте ги сите состојки за добро да се соединат.
  5. Смесата е леплива, па ставете ја во фрижидер за малку да се стегне, а потоа од неа формирајте ги тирамису бомбиците.
  6. Оформените бомбици оставете ги да стојат во фрижидер околу 1 час, а потоа прелејте ги со чоколадото растопено со малку масло.По желба посипете со цимет, какао, шеќерни трошки, бадеми или нешто друго по ваш избор.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за тирамису и Тирамису мафини.

Сподели: