Вкусните ароматични сензации на кафе, какао, маскарпоне, го прават овој десерт, извонредно впечатив и неодолив за сетилата. Да пробаме и ние од превкусното и кремасто тирамису, повелете рецепт!
Тирамису е италијански десерт кој го освоил цел свет. Прв пат бил направен во Венето, Италија, во 60-тите години на дваесетиот век, а има тврдења дека неговото постоење било од поодамна, но не бил доволно познат пред тоа. Ова е десерт во кој се ужива, десерт кој усреќува и ве повикува на уште едно парче, секој нареден пат кога и да го пробате. На здравје!

Состојки:
- 45 плазма бисквити
- 360 мл еспресо кафе
- 1 мала лажичка рум или амарето
- 450 гр маскарпоне
- 5 јајца
- 150 гр шеќер
- какао во прав за декорација
Подготовка:
- Одделете ги жолчките од белките. Жолчките ставете ги во длабок сад и изматете заедно со шеќерот, а белките изматете ги во посебен сад.
- Во садот со жолчки додете го маскарпоне сирењето.
- Со лажица додадете ги изматените белки и внимателно кратко измешајте ја смесата. Треба да добиете кремаста смеса.
- Во сад ставете го кафето и алкохолот. Секоја бисквита кратко потопете ја во кафетото и ставете ја во калап. Половина од бисквитите наредете ги во калапот.
- Над бисквитите ставете половина од смесата со маскарпоне сирење, а потоа наредете уште еден ред бисквити кои претходно сте ги натопиле со кафе. Врз нив, ставете го филот и посипете со какао.
- Тирамисуто ставете го во фрижидер и чувајте го најмалку четири часа пред служење.