Сигурни сме дека ќе уживате во божествената арома! Чоколадниот лава колач се топи во уста и е вреден за секоја добиена калорија! Буди неопишлива желба да го пробате, а сега за да го вкусите не мора да одите во ресторан, туку можете да се послужите себе и семејството секогаш кога ќе посакате.
Повелете испробан рецепт за лава колач кој уште е познат како топло ладен колач.

Состојки:
- 2 јајца
- 2 жолчки
- 100 гр шеќер во прав
- 6 лажици брашно
- 100 гр маргарин за топење и уште малку дополнително за мачкање на калапите
- 120 гр чоколадо за готвење
- топка сладолед за сервирање.
Подготовка:
- Додека се подготвува смесата за печење, рерната се затоплува на 180 степени.
- Најпрво со миксер се матат двете јајца и двете жолчки, потоа со нив се мати и шеќерот во прав. Откако тие се соединат се додава брашното.
- Настрана се топи маргаринот со чоколадото за готвење и кога се готови се додаваат кон претходното подготвената смеса со брашно.
- Стопеното чоколадо со маргарин се додава по полека, со постојано мешање додека смесата се изедначи.
- Калапите се мачкаат со маргарин и се наросуваат со какао (вишокот е пожелно да се истресе), а потоа се полнат 2/3 од висината на калапот.
- Се печат во претходно загреаната рерна на 180 степени, за време од 7-10 минути.
- Се сервира топло, заедно со топка сладолед, а по желба и повеќе.
Совет плус: Наместо маргарин, како поздрава варијанта може да користите путер. Во секој случај, подгответе се за неизмерно уживање додека го јадете лава колачот!
Пријатен апетит!