Консумирањето на правилната храна која се препорачува за лицата со дијабетес може да помогне за контрола на шеќерот во крвта и да го намали ризикот од идни компликации. Изборот на намирници е голем, а во оваа прилика ги опфативме најважните 5 кои се препорачани од нутриционистите.
Јајца, дија леб, зелен лиснат зеленчук, авокадо и јогурт се први на листата. Како влијаат овие важни намирници врз шеќерот на крвта и врз целокупното здравје?

Јајца – даваат ситост
Јајцата се една од најзначајните намирници кои може да се консумираат на различни начини – варени, како омлет или поширани. Богати се со протеини и се една од најдобрите храни за дијабетичарите. Може да помогнат за намалување на вишокот на килограми и балансирање на нивото на шеќер во крвта.
Богати се со оксиданси како зеаксантин и лутеин, кои помагаат за заштита на очите.
Совет плус: Јадете цели јајца. И жолчката и белката содржат хранливи состојки.
Дија леб – леб за дијабетичари
Дија лебот е направен од 100 % интегрално пченично и 100 % интегрално ‘ржано брашно. Содржи недигестибилни јаглехидрати кои овозможуваат одржување на нормално ниво на гликоза во крвта и како таков е погоден за лица со дијабетес, поради што е и поддржан од Сојузот на Здруженија на дијабетичари. Овој леб, според својот нутритивен состав влегува во категоријата на збогатена храна, која значително влијание врз благосостојбата на организмот, доведува до баланс и севкупно влијае на подобрување на квалитетот на животот.

Зелен лиснат зеленчук
Зелениот лиснат зеленчук е храна која се препорачува за лицата со дијабетес. Овој зеленчук содржи малку калории, а богат е со витамини и минерали. Изобилува со витами Ц и полифеноли. Дијабетичарите често имаат недостаток на витамин Ц, па затоа зелениот лиснат зеленчук нека ви биде при рака. Важно е да се спомене дека содржи и голема количина на магнезиум – минерал кој помага за подобрување на сензитивноста на инсулин.
Листата на зелен лиснат зеленчук кој е исто така добар извор на калциум, калиум, витамин А, протеини и растителни влакна е следната:
- Блитва
- Спанаќ
- Кељ
- Брокула
- Зелка
- Кинеска зелка.
Совет плус: Зелениот лиснат зеленчук комбинирајте го со протеини како тофу или пилешко.
Јогурт и кисело млеко
Киселомлечните производи изобилуваат со пробиотици кои го помагаат варењето на храна. За дијабетирите се препорачуваат јогурт и кисело млеко кои содржат повисок процент на протеини, а помала количина на јаглени хидрати. Ваков тип на производи се грчкиот јогурт.
Благодарение на високата количина на протеини помага за намалување на чувството на глад, намалување на апетитот, намалување на калорискиот внес, а со тоа полесно намалување на вишокот на килограми.
Една студија покажала дека консумацијата на јогурт може да помогне за подобрување на нивото на холестерол кај лицата со дијабетес тип 2.
Совет плус: Во исхраната вклучете грчки јогурт без додатоци на шеќер или вкусови. Ако сакате посладок јогурт, додајте овошје како праски, калинки или бобинки – јагоди, малини, капини кои имаат помала количина на јаглени хидрати.
Авокадо
Авокадото е богато со масти кои се добри за срцето, а растителните влакна помагаат за балансирано ниво на шеќер во крвта.
Совет плус: Авокадото може да го користите како намаз, испасирано со сол и пипер. Исто може да го додавате и во салати.
Може да те интересира: 4 најважни придобивки од ‘ржаниот леб – дава ситост, го подобрува варењето на храната…
*Текстот е овозоможен од Жито Лукс.