Состојките од кујната често пати ги користиме и за нега на кожата и косата. Природни се, немаат штетни ефекти врз природата и здравјето, и што е најважно, лесно ни се достапни и не се скапи. Па, така се роди и идејата за споделување на овој третман за испукани врвови на косата со кокосово масло.
Ако имате проблеми со сува коса и испукани врвови, време е да го пробате овој третман за кој не е потребно да посетувате ексклузивни салони или пак да потрошите многу пари. Оние кои што го пробале, тврдат дека косата добива здрав изглед, свиленкаста е и хидрирана. А резултатите се видливи по третото користење на третманот.

Состојки:
- 1 лажица органско кокосово масло
- 2 капки етерично масло од нане.
Подготовка и начин на користење:
- Кокосовото масло измешајте го со маслото од нане. Добиената маска ставете ја врз сува коса од коренот, па се до врвовите.
- Ако косата вие подолга, соберете ја во пунџа, покријте ја со капа за туширање или чиста крпа. Оставете го третманот да дејствува за време од најмалку 30 минути.
- Потоа добро измијте ја косата со шампон за да се отстрани кокосовото масло. По потреба ставете регенератор и исушете ја на стандарден начин.
- Уште по првиот третман ќе бидете изненадени од изгледот на косата.
Ви предлагаме да прочитате: Третман за коса со топло масло.