третман со топло масло за коса

Третман за коса со топло масло

Постојат голем број на маски и третмани за убава коса, но третманите со топло масло се едни од најефикасните. А за да ја разубавите косата, пробајте го овој третман со топло масло.

Најважно е да изберете квалитетно масло, како маслиново, бадемово, кокосово, јојаба, арганово… По желба и секако доколку имате на располагање, може да додадете неколку капки етерично масло, како рузмарин и лаванда.

третман со топло масло

Може да ве интересира: Масло од рузмарин за зајакнување на косата.

Како да направите домашен третман за коса со топло масло?

Веќе сте избрале масло за косата? Можете да го зајакнете ефектот на третманот, доколку во него додадете сушени билки.

  • За израмнување на косата во топлото масло ставете камилица.
  • За длабинско чистење: рузмарин, магдонос или жалфија.
  • За хидратизирање на косата: камилица, лаванда и алое вера.
  • За поттикнување на растот на косата: нане, магдонос, жалфија, цимет, ѓумбир или камилица.

Состојки:

  • ½ чаша масло (за средна должина на косата)
  • 2-3 капки етерично масло по желба
  • 1 до 2 лажици мед по желба.

Подготовка и употреба на третманот:

  1. Загрејте половина чаша маслиново (или друго масло) во микробранова печка или на пареа. Доколку имате пократка или подолга коса, количината на маслото прилагодете ја по потреба. Во етеричното масло додајте 2-3 капки етерично масло по избор.
  2. По желба, наместо етерично масло може да користите мед.
  3. Вака приготвениот третман добро измешајте го, а потоа нанесете го на косата со кружни движења.
  4. Крпата загрејте ја со фен и ставете ја околу косата. Оставете ја да делува за време од 30 минути. Повремено можете да ја загревате косата со фен преку крпата.
  5. Исто така, наместо крпа може да користите најлонска капа или фолија. Замотајте ја косата и оставате третманот да делува околу 10 минути.
  6. На крај, косата измијте ја со шампон како и вообичаено. Третманот може да го правите еднаш до два пати во месецот.

Ви предлагаме да прочитате: Природни третмани против опаѓање на косата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: