Природни третмани против опаѓање на косата

Опаѓањето на косата е сериозен проблем со кој се соочуваат многумина. Има многу препарати и додатоци во исхраната против опаѓање на косата. Но, од друга страна има и многу природни намирници кои се здрави, ефтини и лесно достапни, а даваат слични резултати како и купечките кои често се скапи. Досега од интернет и од блиски лица сме слушнале за позитивните ефекти од употребата на сокот од кромид и лук како природни третмани против опаѓање на косата. Повеќе за нив и начинот на употреба ви објаснуваме во текстот кој следува. 

Сок од кромид

Кромидот содржи сулфур кој го храни коренот на косата и го забрзува нејзиниот раст, односно го запира нејзиното опаѓање. Кромидот е познат по своите антибактериски и антисептички својства. Сѐ што треба да направите е да исечкате кромид, да го исцедите неговиот сок и со него да ја измасирате косата. Откако ќе ја третирате косата на овој начин, завиткајте ја во топла крпа. После 30 минути косата измијте ја како и вообичаено.

третмани против опаѓање на косата

Повеќе информации на темата прочитајте од тексот: Сок од кромид против опаѓање и за брз раст на косата.

Сок и тинктура од лук против опаѓање на косата

Лукот се користи против опаѓање на косата уште од многу одамна. Доколку не сакате да нанесувате свежо цеден сок од лук, поради неговиот непријатен мирис, може да направите и тинктура. Неколку чешниња лук ставете ги во 250 мл алкохол (70%). После 10 дена извадете го лукот, а со тинктурата масирајте го скалпот и коренот на косата. За да го ублажите непријатниот мирис на тинктурата може да додадете и лаванда.

Сок од коријандер

Покрај тоа што го чисти организмот од токсини и тешки метали, помага и во борбата против опаѓање на косата. Направете паста од свежо сечкани листови коријандер и вода, исцедете ја водата и нанесете ја на скалпот. Оставете го сокот да делува еден час, а потоа измијте ја косата како и вообичаено.

Имате ли пробано некој сличен третман при опаѓање на косата што дал позитивни резултати? Споделете го во коментар.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 намирници кои се борат против опаѓањето на косата.

Сподели: