Успешно реализиран првиот вебинар од тимот на sezahrana.mk! Како што имавме најавено зборувавме на тема „Зајакнување на имунитетот во време на пандемија“. Се заблагодаруваме на учесниците кои нѐ следеја и споделија свои прашања и размислувања до нас!
Вебинарот беше реализиран по повод освоеното прво место за најдобар сајт за храна и здравје. Поканети беа сите следбеници, читатели и пријатели на sezahrana.mk. Предавањето беше бесплатно, а се одржа во средата на 23.12.2020 година во 18:00 часот. Зборуваме како може да се зајакне имунитетот во зимскиот период и ладните денови воопшто, која храна се препорачува, кои совети треба да се применуваат и се препорачани од нутриционистите и докторите, подискутиравме за помошта од додатоците во исхраната, а исто така одговоривме и на прашања поставени од присутните учесници. Говорници и модератори на предавањето беа:
- М-р Катерина Шамбевска Спасеновски, еден од основачите и менаџерите на sezahrana.mk
- М-р Марија Кочовска, еден од основачите и менаџерите на sezahrana.mk
- Марија Апостоловска, нутриционист во тимот на sezahrana.mk.

Продолжете да нѐ следите и натаму, а ако имате ваша идеја за тема на вебинар за што би сакале да слушнете, повелете и споделете ја!
Ви препорачуваме да прочитате: Славиме! sezahrana.mk победник во категоријата Храна и Здравје!