Што се однесува до хранливата вредност на превкусните ф’стаци, може само да се потврди дека добрите работи доаѓаат во мало пакување. Околу 50 ф’стаци содржат изобилство од витамини, минерали и други нутриенти (материи) кои му се потребни на телото да функционира и да остане здраво. И сето тоа е еднакво на само 160 калории.

50 ф’стаци обезбедуваат:
- Повеќе растителни влакна (3 грама) од 1/2 шолја готвена брокула
- Содржат 6 грама протеини, а тоа е исто колку и соините зрна
- Содржат добри масти, 7 грама на мононезаситени и 4 грама на полинезаситени масти, што придонесува кон здравјето на срцето
- Имаат помалку од 2 грама заситени масти
- Содржат фитостероли чиј недостаток доведува до зголемен ризик од срцеви заболувања
- Калиум во количина на половина поголема банана
- Витамин Б6
- Бакар
- Тиамин (витамин Б1)
- Фосфор
- Магнезиум
- Нема холестерол
- Нема транс масни киселини.
Ф’стаците исто така имаат и поголема антиоксидантна моќ од 100 грама боровинки, лукот и сокот од цитрон. Лутеинот кој се наоѓа во зелените и жолтите зеленчуци, исто така се наоѓа и во ф’стаците. Претставува антиоксидант кој е многу истражуван од научниците и е прокламиран дека го поддржува здравјето, а ф’стаците го имаат повеќе од било кое јаткасто овошје.