Хранлива маска за коса од банана, јајце и мед 1

Хранлива маска за коса од банана, јајце и мед

Косата од секогаш се сметала за украс и израз на женственост кај понежниот пол, како и машкост кај посилниот пол. Негуваната коса е прекрасна, а за да изгледа здрава и сјајна мора добро да се грижите за неа. Грижата може да ја правите и со нашата испробана хранлива маска за коса која што во домашни услови се прави многу лесно од банана, јајце и мед.

Уште од минатото косата имала култна почит, а кога за прв пат, некаде 4000 години пред нашата ера, била забележана ќелавост старите Грци и Римјани, правеле верски обреди за „истерување“ на лошиот дух од луѓето. А бидејќи секој човек и се радува на убава и квалитетна коса ви препорачуваме здраво да се храните, како основен предуслов, а потоа и добро да ја негувате. Прочитајте тука која храна се препорачува за здрава коса и како да го спречите нејзиното опаѓање, а исто така како да направите домашна маска од само 2 состојки која ќе ви помогне да ја зачувате својата коса.

Хранлива маска за коса од банана, јајце и мед 2

Редовно мијте ја и одржувајте ја косата чиста, но не заборавајте и да ја прихранувате со надворешни препарати. Често се скапи, иако има голем избор да се купат, а како решение ви предлагаме природна хранлива маска за коса од банана, јајце и мед, која што ќе ја освежи, нахрани и хидрира косата и ќе и даде фантастичен изглед. Бананата е фантастична храна која може да ја претворите во природна маска за забрзан раст на косата, а еве како може да го постигнете тоа.

Состојки:

  • 1 банана
  • 1 јајце
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица маслиново масло.

Подготовка:

  1. Во чист сад изгмечете ја бананата.
  2. Јајцето скршете го во одделен сад и убаво изматете го, а потоа, соединете ги во еден сад.
  3. На крај, додајте го медот и маслиновото масло, и убаво измешајте. Готовата хранлива маска за коса нанесете ја на чиста коса и оставете ја да делува 30-40 минути, а потоа измијте ја. Може да ја користите еднаш неделно, за сите типови коса, а посебно е препорачлива за коса која е сува или е склона на сушење.

Забелешка: Предложената количина е соодветна за подолга или средно долга коса. Доколку имате пократка коса препорачуваме да ја намалите количината на состојките.

Може да ве интересира и 3 домашни маски за забрзување на растот на косата.

Сподели: