цвекло

Цвекло – 7 причини зошто е одличен здрав избор

Редовната консумација на цвекло го чува здравјето на многу начини. Супер е што го има преку целата година, а придобивките за здравјето се огромни. Одлично се вклопува во свежи и кремасти салати, а исто така од него се прават различни природни сокови. 

Цвеклото е често употребувано во салати, супи или како додаток при оброците. Овој зеленчук мами со впечатливата боја која секого го става во искушение. Калориска вредност од само 43 калории во 100 грама, ниска содржина на холестерол, заситени масти и висока застапеност на растителни влакна, го прават цвеклото едно од здравите задоволства, кои се секогаш достапни, широко употребувани и одлични за посакуваниот израз во огледалото.

Цвеклото изобилува со беталаини (црвени пигменти), витамин А, витамин Ц, калиум и железо кои допринесуваат за неговата антиоксидантна моќ.

цвекло

Здравствени придобивки од редовното конзумирање на цвекло се:

  1. Регулација на крвниот притисок и заштита од срцев удар – високата содржина на нитрати допринесува за подобра функција на кардиоваскуларниот систем и намален ризик од болести на срцето и крвните садови. Истражувањата покажале дека консумацијата на 500 мл сок од цвекло, го намалува крвниот притисок.
  2. Превенција од атеросклероза – цвеклото содржи глицин бетаин кој го намалува количеството на хомоцистеин, кој влијае за формирање на наслаги на крвните садови.
  3. Намален развој на деменција – консумирањето на сок од цвекло помага за подобрување на протокот на крв и снабдување на мозокот со кислород, така што се намалува развојот на деменција кај постарите лица. Деменцијата претставува постепено губење на менталните способности, така што се јавува губење на меморијата, промени во однесувањето и сл.
  4. Намален ризик од дијабетес – цвеклото содржи антиоксиданс познат како алфа- липоична киселина, која што го намалува нивото на шеќер во крвта и ја зголемува осетливоста на инсулин. Овој антиоксиданс го заштитува организмот од оксидативен стрес, кој често се јавува кај пациентите со дијабетес.
  5. Регулација на нивото на шеќер – цвеклото има гликемиски индекс 64, а тоа значи дека бавно се разградува и трансформира во глукоза која се користи за задоволување на  енергетските потреби на организмот. Тоа овозможува подолготрајно чувство на ситост и константна енергија во текот на денот.
  6. Стимулација на раст на клетките – високата концентрација на фолати ја стимулира синтезата на ДНК и растот на нови клетки. За време на бременост, фолатите го  штитат плодот.
  7. Антиинфламаторно дејство – благодарение на холинот кој го содржи цвеклото се подобрува функцијата на мускулите, меморијата и способноста за учење. Холинот ја одржува структурата на клеточната мембрана, го олеснува спроведувањетто на нервни импулси и штити од хронични воспаленија.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 причини зошто да пиете сок од цвекло.

Сподели: