Можеби првата голтка сок од цвекло нема да ви се допадне, но она што овој природен напиток го овозможува на организмот е вистинска ризница од лековити состојки.
Цвеклото е многу здрав зеленчук, па неговиот сок се препорачува да го пијат сите кои водат грижа за своето здравје.
Може да ве интересира: Цвекло – 7 причини зошто е одличен здрав избор.

Еве 8 добри причини зошто да пиете сок од овој здрав зеленчук
- Благодарение на составот на цвеклото, сокот направен од него содржи каротеноиди кои поволно влијаат на видот.
- Цвеклото спречува оштетување на клетките и ги елиминира слободните радикали од организмот, а тоа е благодарение на неговиот пигмент.
- Цвеклото го подигнува нивото на железо во организмот. Покрај железо, овој зеленчук содржи и антиоксиданси кои го одржуваат нормално нивото на хемоглобинот.
- Сокот од цвекло ја подигнува енергијата, а тоа е една од причините зошто се препорачува на лицата кои се занимаваат со спорт.
- Само една чаша сок од цвекло дневно, може да ви помогне да го регулирате покачениот крвен притисок.
- Цвеклото содржи магнезиум, па напитокот од него се препорачува и на лицата кои се изложени на голем стрес.
- Доколку имате проблем со варењето на храната, препорачливо е редовно да пиете сок од цвекло. Овој напиток помага за добра дигестија и ги чисти цревата.
- Сокот од цвекло го зајакнува имунитетот и му помага на организмот полесно да се избори со инфекциите.
Ви препорачуваме да прочитате: Природен сок за подобрување на крвната слика.