На нашето тело му се потребни голем број на минерали кои се важни за нормално одвивање на процесите во организмот. Од минералите, на организмот му се потребни цинк, железо, магнезиум, калциум, селен… Знаеме дека се од голема важност, па затоа решивме да истражуваме и овој пат пребарувавме кои се здравствените придобивки од цинкот.
Цинкот е еден од најважните минерали кои учествуваат во бројни биохемиски процеси во организмот, а особено е значаен за јакнење на имунитетот и во борба против инфекции. Во организмот се наоѓа во мозокот, мускулите, коските, бубрезите, црниот дроб и очите во мали количини кои се доволни за нормална функција на организмот. Недостатокот на цинк може да предизвика бројни последици.

Природни извори на цинк
Се смета дека разновидната исхрана може да ја обезбеди доволната потреба од цинк. Намирници кои се богати со цинк се:
- месо
- риби
- морски плодови
- млеко и млечни производи
- јајца
- јаткасти плодови
- житарки
- грав, грашок
- соја
- пивски квасец
- семиња.
Моќен сојузник на имунитетот и ДНК
Одржувањето и зајакнувањето на имунитетот е само една од многуте благотворни дејства на цинкот кој ги помага ензимите важни за одвивање на биохемиските процеси. Важен е за синтеза на протеини и на ДНК, потребен е за побрзо зараснување на рани на кожата и зачувување на чувството за вкус и мирис.
Цинк во борба против инфекции
Цинкот делува на создавањето на белите крвни зрнца кои се важни во борбата со инфекции. Суплементацијата со цинк кај лица кои имаат недостаток доведува до зголемување на бројот на бели крвни клетки, а со тоа се зголемува и отпорноста кон инфекции.
Важен е за раст и развој на децата и поддршка на репродуктивниот систем
Цинкот е значаен за создавање на клетки во телото, па затоа е важен и за развојот на детето пред раѓање, после раѓање, во детството и адолесценцијата. Важен е за машкото здравје, поточно за здравјето на простатата. Кај жените ги олеснува менструалните и предменструални болки. Го зајакнува видот, коските, мускулите, косата и ноктите.
Цинкот е значаен и за:
- подобрување на работата на мозокот
- поттикнување на производството на инсулин
- намалување на холестеролот
- апсорпција на витамин А
- oдржување на нормално ниво на витамин Е во организмот
- штити од алергии и кожни болести
- формирање на колаген
Симптоми на недостаток на цинк
Неправилната исхрана и лошите навики како консумирањето на алкохол се најчеста причина за недостаток на цинк во организмот.
Недостатокот на цинк може да се препознае преку:
- сува и груба кожа
- кршливи нокти
- бели дамки на ноктите
- ослабено сетило за вкус и мирис
- губење на апетит и телесна маса
- чести инфекции
- тешко зараснување на рани
- промени на кожата.
Можни се и пореметувања во растот и развојот, намалена концентрација и помнење, импотенција и неплодност. Недостатокот на цинк пред сѐ треба да се надополни со исхраната, а ако тоа не дава ефекти, треба да се размисли за земање на суплементи со цинк.
Цинкот е достапен како додаток во исхраната
Размислувате да го вклучите цинкот во исхраната? – Наша препорака е L-OptiZinc® кој е нов производ на Тримекс. L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. Овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк.
L-OptiZinc® претставува:
- имунолошка поддршка
- висока биорасположлива форма
- поддршка на ензимската функција.
L-OptiZinc® е zinc mono-L-methionin со супериорна апсорпција, задржување и антиоксидативни и заштитни својства на клетките во споредба со другите форми на цинк. L-OptiZinc® е 1:1 комплекс на цинк и метионин.
Предности на L-OptiZinc:
- супериорна апсорпција и задржување
- супериорни антиоксидативни својства
- супериорна клеточна заштита
- здрав вид и нормална когнитивна функција
- здрава кожа, коса и нокти.
L-OptiZinc® може да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна. Овој додаток на исхраната е достапен и во поголемите аптеки како Еуро Фарм, Зегин и други.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Како до правилен баланс на Омега 3-6-9 масните киселини?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.