Тешко дека една домаќинка, професионален готвач или гурман може да замисли ручек без неговото височество – црниот бибер! Па, во овој текст ви откриваме сè што сте сакале да знаете за ситните зрнца црн бибер, кои на нашите јадења им даваат посебен вкус.
Црниот бибер потекнува од прашумите во Јужна Индија наречени Керала, од каде што за наша среќа се проширил низ целиот свет. Во Индија и Пакистан свежо мелениот бибер се меша со сол и често може да го најдете во рестораните на овие земји.

Ботанички, биберот припаѓа на фамилијата билки со латинско име Piperaceae, а познат е и под името piper nigrum. На пазарот денес можеме да пронајдеме неколку видови бибер, а сите тие се плод на иста билка, собрани во различен стадиум на созревање и процесирани на различен начин. Генерално, зрната се берат кога се недозреани и само што нѐ добиле црвена боја. Потоа, се оставаат да се исушат на сонце при што го добиваат својот карактеристичен облик и црна боја.
Зелениот бибер се бери пред зрната да бидат зрели. Белите зрна настануваат така што зрелите зрна се потопуваат во солен раствор при што ќе им падне надворешната обвивка и ќе остане само белата средина. Силниот, пикантен вкус на црниот бибер доаѓа од маслата кои испаруваат, меѓу кои е и пиперинот. Ако биберот е долго изложен на воздух, овие масла испаруваат и тој ја губи својата карактеристична арома.
Лековити својства на биберот
Црниот бибер има импресивна листа на хемиски соединенија од растително потекло, за кои е познато дека превентивно делуваат на одредени болести и го подобруваат општото здравје. Биберот одамна се користи како антивоспалително средство и против надуеност.
Покрај пиперинот, биберот содржи многу супстанции кои позитивно делуваат на работата на цревата и ја зголемуваат секрецијата на гастроинтестиналните ензими. Едноставно кажано, ја подобрува дигестијата. Пиперинот е одличен затоа што ја забрзува апсорпцијата на селенот, витамините од Б комплексот, бета каротените, како и останатите нутриенти од храната.
Во биберот се наоѓаат и минерали како што се калиум, калциум, цинк, манган, железо и магнезиум. Тука се и антиоксидантните витамини А и Ц, и полифенолите криптоксантин, зеаксантин и ликопен. Сите овие компоненти се познати по тоа што му помагаат на организмот во неутрализирање на слободните радикали и штитат од многу болести и канцерогени заболувања.
Може да ве интересира: 9 придобивки од црниот пипер за кои не сте слушнале.
Употреба во медицински цели
Биберот долго време се користи за тераписки цели, особено кога е во прашање крвавењето на забите и отоци на непцата поради своите антисептички својства. Порано се користел против надуеност и лошо варење, а во современата медицина за овие проблеми биберот се користи многу малку.
Употреба во кујната
Покрај солта, црниот бибер е најкористен зачин во многу кујни ширум светот. Главно се користи во солени јадења, иако постојат неколку исклучоци каде мали количини на бибер се додаваат и во десерти. Обично свежо мелениот црн бибер се става пред послужување на јадењето, за неговата карактеристична арома да дојде до израз. Може да го употребувате во:
- маринади за пилешко, риба и друго месо заедно со останатите зачини
- јадења со кари, како и за ориз
- супите, чорбите, сосовите и зимницата се незамисливи без него.
Купување и чување
Црниот бибер е достапен преку целата година, а секогаш се препорачува да се купува црн бибер во зрно наместо мелен. Доколку се чува на собна температура може да трае повеќе години. Отворениот мелениот бибер чувајте го исклучиво во херметички затворени теглички. Кога сме кај купувањето, неизбежно е да го споменеме добро познатиот мелен црн бибер на Витаминка кој може да се каже дека е стандард за едно македонско домаќинство. Што е уште подобро, во последно време имаат и црн бибер во зрно со мелница и можеме да уживаме максимално во корисните и гурманските придобивки, така што сами ќе си го измелеме во моментот на употреба. Секојдневно го користиме и искрено, топло го препорачуваме!

Наша препорака за вкусни рецепти со пресно мелен црн бибер во зрно од мелница:
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.