9 придобивки од црниот пипер за кои не сте слушнале

Топла супа и мала рачна мелница за црн пипер покрај чинијата? Добра навика. Не само што ручекот ќе ви биде повкусен, вие сте направиле нешто добро за вашето здравје. Црниот пипер не е само зачин кој го збогатува вкусот на јадењата. Неговите лековити својства се малку познати, а ги има многу. Затоа направивме мало истражување на оваа тема.

Некогаш, пиперот како и сите зачини, претставувале драгоцени намирници во трговијата помеѓу Индија и Европа. Додека нафтата не го презела тој назив, пиперот бил познат како „црно злато“. Во времето кога не постоеле пари, со црн пипер се плаќала робата, а само богатите Европејци во раниот среден век можеле да си го препуштат задоволството да го користат како храна и лек.

црн пипер

Ја зголемува апсорпцијата на хранливите материи

Состојката пиперин која се наоѓа во црниот пипер ја зголемува апсорпцијата на витамините А, Ц, бета каротенот како и на други хранливи состојки, па на тој начин го подобрува севкупното здравје.

Го подобрува варењето на храната 

Црниот пипер ги стимулира рецепторите за вкус и го поттикнува лачењето на желудочната киселина, а со тоа поволно влијае на варењето на храната. Покрај тоа, пиперот има и антибактериски својства кои делуваат превентивно на појавата на цревни заболувања предизвикани од бактерии.

Црн пипер за подобрување на апетитот

Освен што ги подобрува вкусот и го поттикнување варењето, црниот пипер делува како стимуланс кога е во прашање апетитот. Затоа за овој зачин може да се каже дека е одличен природен лек за лицата кои имаат намален апетит. Следен пат, кога приготвувате вкусен оброк, изберете квалитетни и природни состојки кои ќе го збогатат вкусот, па затоа не заборавајте да го зачините вашето јадење со мелен црн пипер.

Помага за слабеење така што го спречува таложењето на масти

Иако го подобрува апетитот, црниот пипер може да ви помогне за намалување на вишок килограми. Во обвивката на црниот пипер се наоѓаат фитонутриенти кои помагаат за разградување на масните клетки. Едно научно истражување кое било реализирано во 2010 година, покажало дека црниот пипер го спречува таложењето на масти. Тој помага и за забрзување на метаболизмот, па така ќе согорите повеќе калории. Со оглед на тоа што поседува и диуретски својства, црниот пипер го поттикнува излачувањето на токсините од организмот. Супер детокс зачин, зарем не?

Помага за намалување на подуеноста во стомакот

Црниот пипер е корисен за намалување на подуеноста на стомакот. Доколку имате проблем со гасови, наместо црвена пипер, јадењата зачинете ги со црн пипер. Ако имате проблем со варењето на храната и чувствувате тежина во стомакот, напијте се чаша матеница во која сте додале ¼ мала лажичка мелен црн пипер и ¼ мала лажичка куркума во прав.

Ги намалува симптомите при артритис

Пиперинот кој го содржи црниот пипер е познат по своите антивоспалителни својства, па како резултат на тоа се користи во ублажување на симптомите при артритис. Овој зачин ја подобрува циркулацијата на крвта, па така делува превентивно на воспаление на зглобовите кое може да настане како резултат на лошиот проток на крв.

Млака вода со мелен црн пипер против затнат нос и кашлица

Благодарение на антимикробните својства кои ги поседува, црниот пипер влегува во состав на многу лекови против кашлица и настинка. Доколку имате затнат нос и кашлате, три пати во текот на денот напијте се чаша млака вода во која сте додаде ½ лажичка мелен црн пипер.

Претставува природен антидепресив

Црниот пипер го поттикнува лачењето на серотинот и со тоа го подобрува расположението. Имено, пиперинот го зголемува нивото на бета-ендорифин во мозокот, кој делува како природен антидепресив, го подобрува расположението и го намалува чувството на болка.

Домашна паста од мелен црн пипер за здрави непца и свеж здив 

Со оглед на тоа што е корисен за намалување на болките и воспаленијата, црниот пипер може да ви помогне при лош здив и воспаление на непцата. Помешајте малку сол, црн пипер и вода, а со таа паста масирајте ги непцата.

Ви предлагаме да прочитате: За подобро здравје јадете куркума заедно со црн пипер!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: