Несоницата е еден од најголемите и најчестите проблеми во денешно време. И, иако има многу лекови со кои може да се ослободите од овој непријатна и вознемирувачка појава, природните решенија се секогаш побезбедна варијанта. Во продолжение дознајте како може да се ослободите од иритирачката несоница со помош на чај од банана и цимет.
Недостатокот на сон го зголемува ризикот од хипертензија, депресија, слабост и многу други болести. За среќа, чајот од банана и цимет, кој се консумира непосредно пред спиење може да го реши овој проблем. За да го подготвите овој чај ви се потребни само 10 минути, а благодарение на него ќе спиете „мирно како бебе“.

Како да подготвите чај против несоница од банана и цимет?
Бананите се богати со бета каротен, витамини Б, Ц и Е и содржат растителни влакна кои ја спречуваат констипацијата, па затоа се препорачува да се консумираат секое утро. А сега, ви препорачуваме да ја испробате нивната моќ за добар сон и лесна ноќ, навечер во форма на чај.
Потребни состојки:
- 1 л вода
- 1 банана
- прстофат мелен цимет
Начин на подготовка и употреба:
- Излупете ја бананата и исечкајте ја на 3-4 поголеми парчиња. Во сад на оган ставете ги бананата и 1 литар вода. Чајот варете го околу 10 минути. Садот тргнете го од огнот.
- Во вака подготвениот напиток додајте прстофат мелен цимет.
- Чајот од банана и цимет е ароматичен и вкусен, а се пие еден час пред спиење. Резултатите ќе ги почувствувате уште по првиот ден од неговото консумирање. Зготвената банана нема потреба да ја фрлате. Таа е мошне вкусна, па може да ја изедете.
Ви препорачуваме да прочитате: Кои намирници предизвикуваат несоница?