Копривата уште од антички времиња се користела како лековито растение. Витамините, танините, хлорофилот и солите на железо кои ги содржи природниот чај од коприва, го нормализираат метаболизмот на мастите во организмот, ја подобруваат крвната слика и дејствуваат благотворно на циркулацијата. Но, ова се само мал дел од лековитите својства кои ги содржи чајот од коприва.
Еве за што треба да пиете чај од коприва:
Ја намалува кашлицата и помага при астма
Во сезоната на настинки и грип, чајот од коприва нека ви биде секогаш при рака. Истражувањата покажале дека овој чај е помага при респираторните заболувања, особено при кашлица, така што го намалува и исчистува секретот во белите дробови. Покрај тоа, пооволно влијае при астма и алергии.
Чајот од коприва помага при проблеми со бубрезите
Копривата поради високата содржина на калиум, има дируретско дејство и се користи при лекување на воспаленија на уринарните патишта, како и за превенција од настанување на бубрежни камчиња.

Пијте чај од коприва и зајакнете ја крвта
Копривата е богата со железо, па редовната конусмација на чај помага за создавање на црвени крвни клетки, ја прочистува крвта и има позитивно дејство при лечењето на анемија и замор.
Го подобрува изгледот на кожата и го поттикнува растот на косата
Чајот од коприва помага во снабдувањето на организмот со кислород, па се препорачува при проблеми со кожата на главата и опаѓање на косата, со што и дава сјај и волумен. Копривата помага и за поубав тен на кожата на лицето, како и при псоријази, егзема и акни.
Го намалува апетитот и го забрзува слабеењето
Пиењето на чај од коприва го чисти телото од токсини, го намалува апетитот, што го прави идеален природен лек кој помага за слабеење и побрзо намалување на вишокот на килограми. Покрај тоа, редовното пиење на чај од коприва ја смирува мускулната болка и го намалува нивото на шеќер во крвта.