чај од цимет 1

Чај од цимет за болно грло

Оваа зима постојано изненадува со наглите температурни промени. Промената на времето помага за полесно ширење и преживување на бактериите и вирусите кои предизвикуваат настинки и грип. Ако овие денови ве боли грлото, пробајте го овој чај од цимет. Ќе ви биде од голема помош и ќе ви ги олесни болките во грлото.

Придобивките од состојките за овој чај се многубројни. Циметот го подобрува варењето на храната и ги намалува гасовите, помага за регулирање на шеќерот во крвта, ја подобрува циркулацијата, корисен е против настинка и грип. Ѓумбирот е користен за зајакнување на имунитетот, ја намалува болката и воспалението, ја одржува нормалната циркулација на крвта и исто така се бори против бактерии и вируси. Млекото е најбогат извор на калциум и фосфор, го одржува нормалниот срцев ритам и ги зајакнува коските и мускулите. А, пак, медот има силни антивоспалителни својства и го зајакнува имунитетот, помага при артритис, лош здив и болки во желудникот. Во комбинација, овие состојки прават вкусен и ефикасен чај против болки во грлото.

Чај од цимет 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Во мал сад на оган ставете го млекото да се загрее. Млекото треба да биде врело, но да не зоврие.
  2. Потоа додајте ги циметот од Витаминка, ѓумбирот и медот.
  3. Чајот оставете го да се излади додека биде пријатен за пиење.
  4. Пијте полека, голтка по голтка. Подобрете го здравјето и уживајте во светот на вкусовите!

Ви препорачуваме да прочитате: 3 важни работи за маслиновото масло.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: