Се приготвува едноставно, а целото семејство ќе ве обожава! Вака вкусен чоколаден крем колач со лешници и ореви, не би одбил дури ни оној кој е на диета, зашто вкусот му е чиста 10-ка!
Сме го правеле повеќе пати, но овој пат го усовршивме рецептот и со вас ја споделуваме нашата најдобра верзија. Идеално добар за секакви пригоди, па еве го рецептот.

Состојки:
- 250 г брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 3 лажици какао во прав
- 200 г шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1 лажица масло
- 300 мл млеко
- 100 г кафен крем
- 50-70 г лешници
- 50-70 г ореви.
За декорација:
- свежо бобинкасто овошје и
- чоколаден прелив по желба.
Подготовка:
- Брашното, какаото и печивото просејте ги низ сито и ставете ги во поголем сад.
- Додајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер, маслото, млекото и измешајте со жица за матење.
- Потоа додајте го и кафениот крем. Повторно мешајте со жицата за матење, а овој пат тоа треба да биде додека добиете хомогена смеса без грутчиња.
- Откако смесата добро се соединила, додајте ги лешниците и оревите исечкани на покрупни парчиња.
- Измешајте со помош на лажица, па ставете ја смесата во помала правоаголна тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 степени за време од 30 минути.
- Декорирајте со свежо бобинкасто овошје и чоколаден прелив по вкус. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Чудо колач – брз десерт со само 1 јајце.