Ги обожавате ли малите чоколадни бомбони полни со вишна и ароматичен ликер? Ако вашиот одговор е да, сега ќе може и дома да си направите чоколадно уживање со вишни. Чоколадните колачи со вишна имаат богат вкус и изглед, а брзо се припремат.
Може да ги направите штом ви се каснува нешто благо, но се одличен предлог како визитарски колачи за посните свечени трпези.

Состојки:
- 200 гр чоколадо
- 6 лажици масло
- 20 вишни од слатко, компот или вишновка ликер
- 50 мл ликер од вишна (вишновка)
- 50 гр шеќер во прав
Подготовка:
- Во сад на пареа растопете го чоколадото со маслото.
- Клапчињата за колачи обложете ги со 3 слоја чоколадо, така што при секое премачкување оставете секој слој да се стегни.
- Во сад ставете го шеќерот во прав и ликерот. Мешајте се додека шеќерот убаво се растопи.
- Во секое чоколадирано калапче ставете по една вишна и со мало лажиче дополнете од зашеќерениот ликер. На крај, затворете ги пралините со слој чоколадо.
Рецептот го испратил: Клара Бос