Чоколадни коцки со кикиритки 1

Чоколадни коцки со кикиритки

Со кафенце или чајче, вака подготвените чоколадни коцки со кикиритки се одлични! Вкусни се повеќе од што изгледаат, неодоливи за сечие око!

Сигурни сме дека ќе бидат меѓу вашите најомилени рецепти, брзи, лесни и превкусни!

Чоколадни коцки со кикиритки 2

Состојки:

  • 50 гр какао
  • 400 мл јогурт
  • 10 гр сода бикарбона
  • 100 мл масло
  • 2 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 300 гр брашно
  • 100 гр сецкани печени несолени кикирики

За прелив:

  • 100 гр чоколадо за готвење (75% какао)
  • 1 лажица шеќер
  • 40 гр путер
  • по потреба млеко.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад измешајте ги брашното, какаото, шеќерот, кикириките и содата.
  2. Потоа постепено додавајте го јогуртот и мешајте внимателно за да не ви се формираат грутки.
  3. Додајте го маслото и посебно изматените јајца, па сето тоа убаво измешајте го.
  4. Изматената смеса турете ја во претходно намрсен и набрашнет плех.
  5. Печете во загреана рерна на 200 степени, за време од околу 25-30 минути.
  6. Во меѓувреме на пареа ставете ги чоколадото, шеќерот и путерот да се растопат.
  7. Ако смесата е премногу густа по потреба додавајте млеко.
  8. Откако колачот ќе се испече оставете го малку да се излади, па прелијте го со растопеното чоколадо.
  9. Убаво изладениот колач исечете го на коцки и послужете го. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни кокос коцки со рум.

Сподели: