Доколку изненадно ви се најавиле гости и немате идеја што вкусно, лесно и експресно брзо да подготвите за да ги почестите, ви предлагаме супер идеја за чоколадни ладни банана колачи. Овошни се и не се многу калорични, а убаво ќе ви користат за да го усреќите и засладите друштвото!

Состојки:
- 2 банани
- 50 гр чоколаден чипс или чоколадо за готвење
- 80 гр путер (најдобро путер од кикири)
- кокос или чоколадни мрвици.
Подготовка:
- Најпрво се припрема голем рамен сад кој се обложува со кујнска хартија.
- Исечете ги бананите на парчиња, така што од секоја ќе добиете по 5-6 делчиња.
- Во сад на оган со висока температура, ставете го чоколадниот чипс и путерот, околу една минута да се стопат и убаво измешајте за да се изедначи смесата.
- Парчињата банана натопете ги убаво во топлата чоколадна смеса и со помош на лажица ставете ги во претходно припремениот рамен сад, а потоа посипете со кокос или чоколадни мрвици.
- Редете ги така што ќе има доволно простор помеѓу нив, а доколку имате одповеќе чоколадна смеса, може да ги наредите врз хартијата, па од горе рамномерно да го додадете преостанатото чоколадо и на крај да посипете со кокос или чоколадни мрвици.
- На крај, ставете ги во фрижидер за замрзнување, да стојат околу еден час и послужете ги ладни. Може да ги уживате и пред да се замрзнат, но треба да знаете дека чоколадните ладни банана колачиња се назамисливо вкусни со убава арома која потсетува на сладолед од ванила. Доколку сакате да ги замрзнете во текот на ноќта или повеќе часови, задолжително ставете ги во затворен пластичен сад или покријте ги добро со кујнска фолија.
На здравје!