Што да јадеме ако имаме дијабетес

Што да јадеме ако имаме дијабетес? – препораки од д-р Нела Деспотовска

Секоја година, на 14 ноември, светот се обединува под заедничката порака – свесност, превенција и поддршка за лицата со дијабетес. Дијабетесот денес е едно од најчестите хронични заболувања, но со правилна исхрана, физичка активност и редовни контроли, може успешно да се држи под контрола. 

Светскиот ден на дијабетесот не е само датум, туку повик да размислиме за сопствените навики и да направиме чекор кон поздрава иднина. Каква треба да биде исхраната на лицата кои имаат дијабетес? – на оваа тема поразговаравме со д-р Нела Деспотовска.

дијбетес совети

Консумирајте намирници со низок гликемиски индекс

Гликемискиот индекс (ГИ) покажува колку брзо храната го подига нивото на шеќер во крвта.

  • Низок ГИ (≤55) – постепено го покачува шеќерот, што е добро за дијабетичари.
  • Среден ГИ (56–69) – умерен ефект.
  • Висок ГИ (≥70) – брзо го покачува шеќерот и треба да се избегнува.

Пример:
Бело лепче има висок ГИ, додека интегралниот леб од ’рж има низок ГИ и е подобар избор.

Кои се најдобрите избори за луѓе со дијабетес?

Јаглехидрати со низок ГИ:

  • Овесни снегулки, хељда, киноа, булгур
  • Интегрален или ’ржан леб
  • Слатки компири (варени, не печени)
  • Легуминози: грав, леќа, наут.

Зеленчук:

  • Брокула, спанаќ, карфиол, зелка, краставица, домат, тиквичка
    (богати со влакна и ниски јаглехидрати).

Протеини:

  • Пилешко и мисиркино месо, риба (особено лосос, скуша, сардина)
  • Јајца
  • Тофу, сирење, јогурт со низок процент на масти.

Здрави масти:

  • Маслиново масло, авокадо, ореви, бадеми, ленено семе.
киноа со зеленчук и печурки 2

Избегнувај:

  • Бел шеќер, бело брашно, газирани пијалаци
  • Пржена храна, засладени сокови
  • Преработени производи (колбаси, слатки закуски).

Берберинот стана популарен последниве години — особено меѓу луѓето со тип 2 дијабетес и инсулинска резистенција. Што е берберин?

Берберинот е природно соединение (алкалоид) што се наоѓа во неколку растенија, како што се канадска жутика, махонија и жутика.
Се користи во традиционалната кинеска и ајурведска медицина повеќе од илјада години за третман на инфекции, дигестивни нарушувања и метаболни проблеми.

Во последните две децении, современите истражувања почнаа да ја испитуваат неговата улога во контролата на шеќерот во крвта, липидите и телесната тежина.

Зошто се препорачува кај лица со дијабетес?

1. Го намалува нивото на шеќер во крвта

  • Берберинот го зголемува дејството на инсулинот и ја подобрува чувствителноста на клетките на овој хормон.
  • Неколку студии покажале дека редовно земање на берберин може да ја намали гликозата во крвта и HbA1c за околу 20–30 %, слично на фармаколошка терапија (но под медицински надзор).

2. Го подобрува метаболизмот на масти

  • Може да го намали лошиот холестерол (LDL) и триглицеридите, а да го зголеми „добриот“ HDL.
  • Ова е важно бидејќи лицата со дијабетес често имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.

3. Може да помогне во регулација на телесната тежина

Берберинот е достапен и кај нас!

Берберинот е достапен и кај нас. Побарајте го во поголемите аптеки или следете ја неговата достапност онлајн преку веб продавницата на vitamini.mk.  Го препорачуваме Berberine од NOW. Бидејќи берберинот е познат по својата ограничена биорасположивост, овој производ вклучува капринска киселина (C10, триглицерид со среден ланец) за промовирање на оптимална апсорпција и одржување на гастроинтестиналниот комфор за време на суплементација на берберин.

Берберин

Дозирање и употреба

  • Земете 1 капсула 3 пати дневно со храна.
  • Сепак, не треба да се зема без консултација со лекар, особено ако личноста веќе зема лекови за шеќер — бидејќи берберинот може да го засили ефектот на тие лекови и да предизвика хипогликемија (преголемо намалување на шеќерот).

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 ч. или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Може да те интересира: Берберин – природен сојузник за балансиран шеќер, холестерол и триглицериди. Препораки за употреба д-р Нела Деспотовска.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: