Што е корона вирус (КОВИД-19), храна и суплементи за заштитата од грип и корона вируси

Имате 10 минути слободно време? Продолжете со читање! Знаењето за корона вирусот е од исклучителна важност и може да ви го спаси животот вам и на вашите најблиски. Почитувајте ги препораките од Министерството за здравство и дознајте што велат најновите истражувања за исхраната и суплементите за заштита од корона вируси – КОВИД-19 и грип. 

Што е корона вирус?

КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2, вирус од фамилијата Коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Со оглед на тоа што, овој вирус е појавен пред малку, а бројот на заразени лица се зголемува од ден на ден, истражувачите постојано вршат различни истражувања. Целта на истражувањата е да помогнат во намалувањето на бројот на заразени, како и излекувани лица, пронаоѓање на вакцина и успешно справување со вирусот. Дел од тие истражувања се посветени на исхраната и супементите кои може да помогнат во заштитата и ублажување на симптомите од грип и корона вируси. 

ковид-19

Кои симптоми се јавуваат при КОВИД-19?

Согласно мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, објавени на веб страницата на Владата, првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем ризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица. 

Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со вирусот КОВИД-19 се:

  • висока температура;
  • сува кашлица;
  • отежнато дишење.

Болеста може да предизвика сериозни компликации кои може да ја нарушат функцијата на:

  • органите за дишење;
  • кардиоваскуларниот систем;
  • на бубрезите.

Болеста може да варира од лесна до тешка форма, со можни фатални последици.

Лекувањето на заболените е палијативно и симптоматско. А во овој момент не е достапна антивирусна терапија, ниту пак вакцина за превенција од заболување со КОВИД-19.

Исхрана и суплементи кои ги препорачуваат научниците ширум светот

Веќе споменавме дека дел од научите истражувања се посветени на исхраната, односно на хранливите состојки кои се познати по нивните имуностимулирачки улоги и можат да се борат против вирусните инфекции. На 24 Февруари 2020 година, на прес беше изјавено:

Во студијата објавена во „Напредокот на кардиоваскуларните болести“, Марк МекКарти од Фондацијата за каталитичка долговечност, Сан Диего, Калифорниа, САД и Џејмс ДиНиколнтонио, ФармД, научник за кардиоваскуларни истражувања во Инстутутот за срце Свети Лука, Средна Америка, Канзас, предлагаат дека одредени нутриционистички лекови – додатоци во исхраната може да помогнат кај лицата кои се заразени со капсулирани РНА вируси како што е грипот и коронавирусите… 

  • КОВИД-19 е 30 до 60 пати посмртоносен во споредба со сезонскиот грип. И грипот и корона вирусите кај некои лица предизвикуваат големо воспаление на белите дробови кои води до акутно респираторно заболување, откажување на органите и смрт.
  • Одредени нутриционистички лекови може да помогнат во намалувањето на воспалението на белите дробови од РНА вирусите, како и во зајакнувањето на одговорот на интерферон тип 1 на овие вируси, што е примарен начин на организмот да помогне во создавање на антивирусни антитела за борба против вирусните инфекции “.

МекКарти и Дииколантонио предлагаат листа на одредени хранливи состојки кои се во суплементарна форма и може да помогнат против КОВИД-19, вклучувајќи ги следните: 

ковид-19

*За повеќе детали за секоја хранлива состојка, ви предлагаме да го погледнете целосниот текст објавен во „Напредокот на кардиоваскуларните болести.

1. N-Acetyl Cysteine (NAC) – аминокиселината цистеин помага за разредување на слузот

N-Acetyl Cysteine (NAC)го зголемува производството на глутатион, го разредува слузот, ги намалува шансите за инфекција со грип и го намалува ризикот од развој на тежок бронхитис. 

Цистеинот е полу-есенцијална амино киселина. Тоа значи дека телото може да ја произведи од други аминокиселини, односно од метионин и серин. Станува есенцијална кога внесот на метионинот и серинот преку храната се мали. 

Цистеинот се наоѓа во високо протеинската храна:

  • пилешко и мисиркино месо
  • јогурт и сирење
  • јајца
  • семе од сончоглед
  • легуминози. 

N-Acetyl Cysteine (NAC)  е суплементарна форма на цистеин. 

2. Храната на иднината – спирулината корисна при корона вирус и грип

Многу пати сме пишувале за придобивките од спирулината која е позната како храна на иднината. А сега ја пронајдовме како дел од истражувањето на експертите. Тие велат:

„Спирулината ја намалува сериозноста на грипот и ја намалува смртноста предизвикана од грипот во студиите кои се направени со животни. Во студии во кои учествувале луѓе било утврдено дека спирулината значително ја намалува количината на вирусот кај пациенти со ХИВ инфекција.“

Спирулината е модро-зелена микроалга која се консумирала уште од времето на древните Ацтеки. Таа содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци.

Зошто луѓето ја употребуваат Hawaiian Spirulina и ја нарекуваат супер храна?

  • Најдобар природен извор на биолошко железо (65 пати повеќе од спанаќот) и селен
  • 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
  • 3 пати повеќе витамин Е отколку во пченичните ‘ркулци
  • 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални амино киселини во совршена рамнотежа (2 пати повеќе протеини од сојата и 3 пати од рибата)
  • Витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
  • Најбогат извор на Гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана (ја има уште само во мајчиното млеко)
  • 10 пати повеќе калциум од млекото
  • Единствен извор на антиоксидантот фикоцианин
  • Содржи повеќе ензими во однос на други слични производи, особено Супер оксид дисмутаза
  • 95% искористеност на хранливите состојки
  • Без маснотии.

Повеќе информации за спирулината прочитајте од текстот: 10 докажани причини за да консумирате спирулина.

3. Екстрактот од бозел може да го намали времетраењето на болеста

Познато е дека екстрактот од бозел може да го намали времетраењето на грипот за два до четири денови и да ја намали сериозноста на болеста. Според авторите:

„Со оглед на тоа што бозелот е многу богат извор на антоцијанини, постои причина да се сомневаме дека неговото влијание врз вирусите може да биде посредно, најмалку делумно, преку феруловата киселина (антиоксиданс) – истакнат метаболит што се јавува во плазмата после консумирањето на храна богата со антоцијанини“.

4. Бета-глуканите го зајакнуваат имунитетот и го поттикнуваат создавањето на белите крвни клетки

Авторите на истражувањето за бета-глуканите велат:

„Слично како и спирулината, бета-глуканите добиени од квасец ја намалуваат сериозноста на инфекцијата и смртноста предизвикана од грип во испитувањата со животни.“ 

Глуканите се видови на сложени шеќери односно полисахариди, чие природно место се наоѓа во клеточните ѕидови на некои бактерии, габи и квасци, билки (овес и јачмен), алги, лишаи. На нашите простори, благодарејќи на навиките за исхрана, тешко може да се внесе во телото како храна, поради што единствен начин да го снабдите организмот со ова моќно имуно средство е да го внесете преку суплемент. 

Во телото бета глуканот го промовира формирањето на коскената срцевина, а со тоа и производство на леукоцити и тромбоцити. Активира макрофаги – клетки кои ја стимулираат имунолошката активност.

5. Познат како заштитник на зглобовите – глукозаминот е корисен и при грип 

Глукозамин е аминошеќер, природна состојка на ‘рскавицата и на синовијалната течност, која обезбедува заштита на коските во зглобовите. Авторите на истражувањето велат:

„Глукозаминот го регулира митохондријалниот антивирусно-сигнален протеин (MAVS), ја намалува сериозноста на инфекцијата предизвикана од грип како и смртноста предизвикана од грип во студиите со животни.“ 

6. Селен – моќен антиоксиданс со бројни придобивки

„Бидејќи селенот е основен кофактор за одредени пероксидази, а недостатокот на селен е ендемичен во одредени региони на Кина и други делови на светот, обезбедувањето на доволни количини на селен преку храната, исто така може да биде соодветно во овој контекст“. – велат МекКарти и Дииколантонио, додавајќи:

Недостатокот на селен ја зголемува стапката со која вирусите може да мутираат, промовирајќи ја еволуцијата на соеви кои се повеќе патогени и способни да избегнат имунолошко следење (надзор).“ 

Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Природно се наоѓа во:

  • бразилските ореви
  • морската храна 
  • никулците од пченица.

Прочитајте зошто се вели дека селенот е минерал на долговечноста.

7. Цинкот го зајакнува имунитетот 

Согласно студијата, цинкот поддржува „ефективна функција и размножување на различни имунолошки клетки“, намалување на смртноста кај постарите лица за 27%. 

Цинкот најмногу го има во животинските намирници како што се:

  • јајцата
  • месото (говедско, живинско)
  • морските плодови (школки, ракови, туна).

Дознајте ги 7-те здравствени придобивки од внесот на цинк.

8. Липоична киселина – помага при засилување на одговорот на интерферон тип 1

Алфа Липоична Киселина (ALA) природно се продуцира во човечкиот организам во многу мали количини, но исто така е достапна преку исхраната. ALA е уникатна бидејќи го поддржува елиминирањето на слободните радикали и може да функционира и во водена и во масна околина. ALA исто така ги преработува Витамините Ц и Е, со продолжување на нивните активности.

АЛА се наоѓа во храната:

  • спанаќ
  • брокула
  • компир
  • месо
  • црн дроб
  • пивски квасец.

Многу е тешко само со храната да се добие потребната количина од овој додаток.

9. Сулфорафан – помага при засилување на одговорот на интерферон тип 1

Сулфорафанот е природна состојка која се наоѓа во крстоцветните зеленчуци како брокула, зелка, карфиол и кељ. 

Кои се препорачаните дневни дози на додатоците во исхрана, согласно студијата?

Препорачани дневни дози за додатоците во исхраната се:

  • NAC – 1200 до 1800 мг
  • Спирулина – 15 грама
  • Ферулова киселина – 500 до 1000 мг
  • Липоична киселина – 1200 до 1800 мг (наместо ферулова киселина)
  • Селен – 50 до 100 микрограми 
  • Глукозамин – 3000 мг или повеќе
  • Цинк – 30 до 50 мг
  • Бета глукани – 250 до 500 мг
  • Екстракт од бозел – 600 до 1500 мг.

Совет плус: Пред да одлучите да ги вклучите додатоците во исхраната согласно истражувањето, ве советуваме да се консултирате со својот матичен лекар. 

Подеталните информации од истражувањето на МекКарти и ДиНиколантонио прочитајте на линковите:

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: