прованса

Прованса зачинот е магичната состојка на француската кујна

За миг отпатувајте до Франција и уживајте во мирисите на Прованса со помош на кујнската магија. Запознајте се со познатата зачинска мешавина – Прованса (Herbes De Provance) и почувствувајте го мирисот на француската кујна во вашиот дом. Популарна ширум светот, а сега достапна и кај нас. Ве запознаваме што е прованса и како да ја искористите за подготовка на супер вкусни јадења.  

Станува збор за микс од зачини, кои се карактеристични за регионот Прованса во југоисточна Франција. Жителите на овој регион често ги користеле овие зачини уште во 70-тите години на минатиот век. Благодарение на совршениот вкус, миксот на зачини станал популарен и го освоил светот.

зачинска мешавина прованса

Во кои јадења и како се користи Прованса зачинот?

Провансата ја сочинуваат зачинските растенија кои се карактеристични за овој регион како босилек, мајоран и мајчина душица. Се користи како зачин за подготовка на риби и месо на скара, но одлично се вкопува и во чорби од зеленчук. Некои готвачи ја препорачуваат провансата за зачинување на салати, пуканки или сирење. Најчесто се додава пред или за време на готвењето. Овој популарен зачин од неодамна е достапен и кај нас. Рајска градина го збогати својот асортиман со Прованса, а тоа ни беше мотив да дознаеме повеќе за зачинот и да започнеме да го користиме. Зачинот може да се набави во маркетите на Стокомак.

Прованса зачинот може да го направите и дома

Ако немате во близина маркет од каде што може да го набавите Прованса, посетете го најблискиот поголем маркет и изберете ги зачините на Рајска градина со кои може да го направите францускиот микс во својот дом.

Состојки:

Подготовка:

Рузмаринот сомелете го во кујнски сечко додека добиете прав. Вака добиениот прав помешајте го со останатите зачини во чиста тегла со капак. Подготвената зачинска мешавина чувајте ја на чисто и темно место.

прованса микс

Наша препорака:

Овој период секогаш избирајте зачини кои се добро спакувани и заштитени. Кога станува збор за нив, може да се каже дека веднаш се присетуваме на богатата зачинска палета на Рајска градина и ги купуваме зачините меѓу кои, босилек, оригано, рузмарин,  магдонос,  чубрица, мајчина душица и други.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 зачини кои се храна и лек.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: