кари зачин 1

5 зачини кои се храна и лек

Храната повкусна, а телото поздраво! Не секогаш мора да се грижиме за здравјето на конвенционален начин. Да се потрудиме повеќе околу превенирање на заболувањата, отколку на лекување на болестите. Истражувавме и издвоивме 5 зачини кои се храна и лек, па е добро постојано да ги имате во својата кујна!

Може да ве интересира: Тарагон – моќен носител на вкусови и зачинот кој ја крие тајната за добра „Цезар“ салата!

кари зачин 3

Кари – зачин со богат вкус кој го подобрува варењето

Кари е одличен зачин за сосови и преливи, добро се вклопува во различни манџи и додатоци од зеленчук, а го подобрува и вкусот на месото. Освен како додаток во јадење, кари зачинот се користи за подобрување на варењето на храната, при болести на цревата, а го подобрува и здравјето на црниот дроб, затоа што поддржува детоксикација. Истражувањата покажале дека кари зачинот има позитивни ефекти кај пациентите кои страдаат од рак и Алцхајмерова болест, како и дека помага за регулирање на шеќерот во крвта. Подетално за истражувањата може да прочитате тука.

Копар – зачин кој изобилува со витамини

Копарот потекнува од Медитеранот и Јужна Русија, а се користи од најстари времиња. Најчесто се употребува како зачин, а исто така и како чај кој ги смирува стомачните грчеви кај бебињата и менструални болки кај жените. Интересно е што, ја подобрува и продукцијата на млеко кај мајките кои дојат. За користа од чајот повеќе може да прочитате на изворниот линк. Копарот најдобро е да се користи во свежа состојба, но може да го замрзнете или да го исушите. Се комбинира заедно со лук и црн пипер во јадења со риба, супи, салати, а кај нас најчесто се користи како зачин за кисели краставички и таратур.

Може да ве интересира: Таратур салата – мезе и оброк.

Оригано – зачин со антиканцерогено дејство

Ориганото традиционално се поврзува со италијанската кујна, посебно со пицата, но има и антиканцерогени својства кои се должат на големото количество на антиоксиданси во составот. Антиоксидансите се заслужни за борбара против слободните радикали, кои му штетат на организмот и доведуваат до рак. Една мала лажичка оригано делува превентивно против растот на клетките кои може да доведат до рак. Посебно помага за спречување на ракот во дебелото црево и простатата.

Покрај нив, ориганото поседува силни антимикробни својства. Утврдено е дека помага против повеќе вируси и бактерии, а посебно го спречува растот на E. coli и Pseudononas aeruginosa. Овие податоци се поткрепени и со истражувања, а за истите, како и за неколку придобивки плус, може да прочитате на овој линк. Така, во случај на пролив, стомачни болки, гадење или воспаленија во усната шуплина, направете си чај од оригано.

Може да ве интересира: Солени стапчиња со оригано, буковец и копар.

Куркума – зачин и природен лек за превенција од канцер

Куркумата се користи во Индија веќе неколку илјади години како зачин и лек, но и како природна боја. Во последно време голем број на истражувања ги потврдиле антиоксидантините својства, антибактериските својства на куркумата, како и нејзината лековитост за одржување на здравјето на црниот дроб и крвта, превенцијата на канцер, позитивното дејство при артритис и реума, побрзо заздравување на раните и обновување на повредената кожа. Куркумата може да ја додавате во салати, супи, јадења од ориз, компири или да ја користите како зачин за месо. Ако ве интересираат повеќе детали за истражувањата кои ги потврдуваат здравствените придобивки од куркумата, посетете ја изворната статија на овој линк.

Кимион – зачин кој го олеснува дишењето и се препорачува кај дијабетичари

Кимион е зачин кој одамна го освоил светот како додаток во исхраната, но и како лековито средство за разновидни здравствени проблеми. Покажал посебно добри резултати во лекување на деца болни од бронхитис, астма и разни алергии. Исто така, има позитивно влијание врз болестите на белите дробови, кожни болести и потешкотии предизвикани од астма. Помага во намалување на гликозата во крвта, холестеролот и триглициридите, а е доста корисен и за дијабетичарите. За спомнатите и уште многу други придобивки за здравјето од умерената употреба на кимот, може да прочитате од статијата на овој линк.

Сите овие препораки се вредни и важни, но уште поважно е да знаеме како да ги одбереме зачините. Кога станува збор за нив, може да се каже дека веднаш се присетуваме на богатата зачинска палета на Рајска градина и ги купуваме зачините. Повеќе за нивната понуда може да дознаете тука на овој линк или да ја посетите нивната фан страница Rajska Gradina.

Совет плус: Секогаш потпирајте се на мислењето на својот лекар и не носете одлуки за здравјето на своја рака. Храната, меѓу која се и зачините, помагаат, но лекарска помош при лекување го има последниот збор. Ви посакуваме добро здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Кари – мешавина од зачини за одличен вкус и добро здравје.

*Спонзориран текст.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: