Околу 10% од луѓето во текот на животот се соочиле со појава на камен во бубрезите. Генетскиот фактор, неправилната исхрана, недоволниот внес на течности се дел од можните причини кои доведуваат до создавање на песок и камчиња во бубрезите. Кај некои луѓе каменот во бубрезите може да настане и до 20-тата година. Еднаш настанатиот камен го зголемува ризикот од појава на нов за најмалку 50%. За превенција на појавата на камен во бубрег многу е важно да знаеме која храна го зголемува ризикот, а која храна се препорачува почесто да се внесува.
Се смета дека дури и до 80% од бубрежните камења кај возрасните настануваат од калциум оксалатот. Оксалатите се природни состојки кои се составен дел на организмот. Нашето тело задржува одредена количина од оксалатите затоа што при одвивање на нормалните метаболитички процеси, некои нутриенти се претвораат во оксалати. Оксалните киселини имаат способност да формираат цврста врска со различните минерали и така настануваат соли на оксална киселина. Некои од нив се растворливи во вода и се излачуваат преку урината, но калциум оксалатот не се отстранува и формира камен во бубрегот или во уринарниот тракт.

Зголемете го внесот на течности
Најлесен начин за спречување на појавата на камен во бубрег, посебно во време на летните денови, е внесот на доволна количина на течности. Се препорачува да се внесуваат 2 литри течности дневно. Показател дека внесувате доволно течности е честотата на уринирање (на неколку часа).
Намалете го внесот на протеини од животинско потекло, а консумирајте повеќе овошје и зеленчук
Храната од животинско потекло богата со протеини може да предизвика негативни промени, вклучувајќи го излачувањето на калциум, мочна киселина и цистин, што го поттикнува настанувањето на камен. Затоа, намалете го внесот на високопротеинска храна. Се препорачува да се внесуваат 0,8 до 1 грам протеини дневно на килограм телесна маса.
Храната богата со калиум, особено овошјето и зеленчукот, има позитивно влијание. Редовниот внес на овошје и зеленчук може да го намали ризикот од формирање на камен во бубрег од калциум оксалати. Се смета дека ова позитивно дејство првенствено е резултат на зголеменото излачување на цитрати.
Ограничете го дневниот внес на натриум и витамин Ц
Храната која содржи големи количи на натриум треба да се избегнува. Натриумот ги оптеретува бубрезите така што ја задржува водата и бубрезите елиминираат голема содржина на натриум хлорид. Препорачаниот дневен внес на натриум е 0,5 – 1.5 грама.
Високите дози на витамин Ц го зголемуваат ризикот од камен во бубрег. Дневните потреби за витамин Ц се од 50 до 80 милиграми, што значи дека еден до два портокали дневно се доволни да ве заштитат од вируси и бактерии, но и од камен во бубрегот.
Магнезиум цитратот помага во растворање на помалите камења
Цитратите го спречуваат настанувањето на камен во бубрезите така што формираат растворлив комплекс со калциумот. На тој начин се намалува количината на калциум достапен за врзување со оксалати или фосфати. Екскрецијата на цитрати може да се зголеми со помош на секојдневен внес на магнезиум цитрат.
Препорачаната дневна доза магнезиум е околу 300 милиграми. Заедно со витаминот Б6, магнезиумот го намалува излачувањето на оксалати во урината, а го зголемува лачењето на цитрати. На тој начин дополнително се врши превенција од создавање на оксалатни камења во бубрезите.
Magnesium Citrate е достапен и кај нас. Ако имате камчиња или песок во бубрезите консултирајте се со вашиот доктор, па по препорака набавете го и надминете го непријатниот проблем. Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната и е четвртиот најзастапен минерал во организмот. Вклучен е во енергетскиот метаболизам и синтезата на протеини, како и производство на енергија. Претставува и поддршка на нервниот систем. Магнезиумот се апсорбира во цревата, а излачувањето се одвива преку бубрезите.

Освен што е добар за бубрезите, магнезиумот на NOW има и други бројни придобивки. Придонесува за:
- намалување на заморот и исцрпеноста
- електролитна рамнотежа
- нормално функционирање на нервниот систем
- нормална мускулна функција
- нормална синтеза на протеини
- нормална ментална функција
- одржување на здрави коски
- одржување на здрави заби
Магнезиум цитратот не содржи ГМО. Произведен е според Кошер, а погоден е и за вегетаријанци и вегани. Може да го најдете во поголемите аптеки или да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс.
Ако имате дополнителни прашања, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Правилниот внес на магнезиум е важен за најголема искористливост во телото.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.