Дали знаете дека постои храна која доколку ја консумирате, организмот за нејзината преработка ќе потроши многу повеќе калории отколку што вие ќе внесете? Да, токму оваа храна содржи таканаречени 0 калории. Оваа „магична храна“, како што ја наречуваат, можете постојано да ја јадете без да се грижите за вашата линија.
Намирниците за кои е потребно да се потрошат повеќе калории во процесот на варење на храната, него што самите имаат се одлична помош при намалување на вишокот килограми.
Домат
Доматот со средна големина има околу 22 калории, а за да се свари во организмот се трошат околу 60 калории. Во својот состав има околу 90% вода, а богат е со витамините Ц, Б, Е и К, како и каротеноиди и ликопен. Познат е како природен диуретик, па е идеална храна за сите кои сакаат да ги намалат килограмите. Можете да го јадете свеж, но и во салата или зготвен. Консумирањето на домати ѝ дава сјај на вашата кожа и помага во отстранувањето на токсините од телото.

Целер
Целерот со средна големина има само 6 калории, а телото за неговото варење троши околу 50. Богат е со растителни влакна и е одличен извор на витамините К, Б, а го содржи антиоксидансот кумарин.
Брокула
Брокулата е еден од најздравите нискокалорични зеленчуци, која во својот состав има 25 калории. При варење на храната во организмот, за неа се трошат 80 калории. Богата е со минерали и витамини, а како резултат на својата лековитост е прогласена за најдобар сојузник во превенцијата на карциноми.
Морков
Во 100 грама свежи моркови има 41 калорија, а потребни се околу 60 калории за да се разградат во телото. Морковите се одличен извор на витамин А, растителни влакна, витамин Ц и калиум.
Грејпфрут
Грејпфрутот има 32 калории, во 100 грама, а за да може организмот да го преработи, потребни се двојно повеќе калории. Ова здраво овошје е познат сојузник во слабеењето затоа што ги топи масните клетки, а богат е со витамин Ц, Б6, тиамин, рибофлавин и растителни влакна.
Ротквици
Една голема ротквица содржи една калорија, а за ја разгради телото потребни се барем 3 калории. Тие се добар извор на витамин Ц, а благодарение на својот состав го поттикнуваат согорувањето на масните наслаги во телото.
Ви предлагаме да прочитате: 10 најдобри намирници кои го помагаат слабеењето.