Речиси сите видови на јаткасти плодови се многу добри за човековото здравје. А во оваа прилика сакаме да ве запознаеме со лековитите својства на некои од нив кои лесно ги имаме на дофат. Карактеристично за јаткасти плодови е тоа што тие не содржат холестерол, а богати се со омега 3 масни киселини. Здравствените придобивки се многубројни, превенираат појава на разни заболувања, го забавуваат процесот на стареење и го обезбедуваат организмот со потребното количество на енергија. Па, со право може да се каже дека јаткастите плодови се извор на добро здравје и долг живот.
Јаткастите плодови имаат мошне пријатен вкус, па речиси и да нема човек кој може да им одолее. Совршено се вклопуваат во разни десерти и затоа воопшто не е тешко да се консумираат секојдневно. Претставуваат здрава замена за грицките, а може да се јадат и за време на диета. Па затоа, без грижа на совест уживајте колку што е можно почесто во разните видови на јаткасти плодови и на вкусен начин грижете се за здравјето.

Бадемите штитат од канцерогени заболувања
Калориската вредност на бадемите е 7 калории по бадем и 0,6 грама масти. Па така, 30 грама бадеми содржат околу 160 калории и само 14 грама масти. Некои истражувања покажаа дека бадемите содржат антиоксиданс (алфа – токоферол) или како што сите ние го знаеме, витамин Е. Овој витамин ги штити клетките на ткивата од оштетувања, кои со тек на времето може да доведат и до појава на карциноми.
Костени за здрав нервен систем
Само 30 грама костени содржат околу 40 калории, еден грам масти, а висока количина комплексни јагленихидрати. Затоа печените костени обезбедуваат високо ниво на енергија и го одржуваат здравјето на нервниот систем.
Лешниците го забавуваат процесот на стареење
Лешниците се едни од омилените јаткасти плодови на многу луѓе, а особено кога се во комбинација со чоколадо. Па така, 30 грама темно чоколадо со лешници содржи 178 калории и 17 грама масти. Тие се богати со здрави мононезаситени масти кои вообичаено се наоѓаат во маслиновото масло. Изобилуваат со манган, минерал кој го забавува процесот на стареење.
Кикиритките може да ги консумираат и дијабетичари
Иако, путерот од кикиритки не се препорачува да се консумира во големи количини, кикиритките се навистина здрава намирница. Тие содржат 161 калорија и 14 грама масти во 30 грама плодови. Иако тие всушност се мешунки, поради општото верување дека се јаткасти плодови и ние ги сместивме во оваа група. Кикиритките се побогати со протеини од сите останати јаткасти плодови. Имаат многу низок гликемиски индекс, па слободно може да ги консумираат и лица кои се заболени од дијабетес тип 2.
Ви препорачуваме да прочитате: Лешници за добро здравје и енергија.