4 здрави намирници 1

4 здрави намирници со кои не треба да се претерува

Ако сте поборник за здрав живот, тогаш сигурно знаете дека не е добро премногу да се внесува здрава храна. Тоа значи контрола на количеството на внес на одредена храна. Во текстот издвојуваме 4 здрави намирници со кои не треба да претерувате.

Повеќето луѓе мислат дека не треба да се внимава колку здрава храна внесуваме. Експертите ширум светот го тврдат спротивното. Нивните совети се да консумираме здрави намирници, но сепак да внимаваме на количината која ја внесуваме.

4 здрави намирници 2

Туна

Иако е одличен извор на протеини, туната често знае да биде загадена со жива. Прекумерното консумирање на овој вид риба може да доведе до проблеми со плодноста, висок крвен притисок, срцеви болести и успорен развој на мозокот кај децата. Сето тоа поради внесот на жива преку туната. Се препорачува да се консумира 1 конзерва туна на две недели.

Спанаќ

Покрај железо и други витамини и минерали, спанаќот содржи и оксална киселина. Оксалната киселина придонесува за создавање на камчиња во бубрезите. Никако не треба да мислите дека е штетен, баш напротив, богат е со хранливи состојки потребни на организмот и се препорачува да се внесува 1 до 2 пати неделно, зависи од тоа дали консумирате други зеленчуци сродни на спанаќот.

Бадеми и бразилски ореви

И бадемите содржат оксална киселина. Освен тоа, богати се и со растителни влакна, па ако претерате, може да предизвикате непријатности во дигестивниот тракт. Бадемите се богати со витамин Е и манган, па во никој случај не треба да се избегнуваат. Нивното количество се ограничува на околу 30 грама во денот.

Бразилските ореви се богати со селен. Во екстремни случаи може да се јави труење со селен. Затоа треба да се внимава и со овие јаткасти плодови. Ако забележите пукање на ноктите, кршлива коса или проблеми со варењето на храна, а консумирате повеќе од 2-3 бразилски ореви дневно, можеби настанало труење и време е веднаш да прекинете со нив и да посетите лекар и нутриционист.

Протеини од животинско потекло

Храната од животинско потекло, особено месото е главен извор на протеини потребни за нормална функција на човекот. Сепак, не треба да се претерува со нивниот внес видејќи животинската храна е богата и со заситени масти. Ако премногу се консумираат, тие масти се таложат на крвните садови и го зголемуваат нивото на лош холестерол во крвта. Ова не значи воопшто да не ги вметнете во исхраната, туку месото да биде застапено 3 пати неделно. Јајцата и млекото и млечните производи може да се консумираат 4 пати неделно.

Ви препорачуваме да прочитате: Свежите сокови се здрави, но не претерувајте!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: