Бомбици со смокви и ореви

Нашите читатели се креативни и големи љубители на добро приготвената храна. Овој пат, како дел од наградниот натпревар на Кристал, го споделуваме рецептот на Александра која беше дел од добитниците. Таа направи вкусни бомбици со смокви и ореви.

Засладување за целото семејство, но и за пријателите! Од наведените состојки ќе добиете поголема количина на колачи кои може да ги замрзнете и да ги послужите по потреба.

бомбици со смокви и ореви

Состојки:

  • 600 грама шеќер
  • 2 филџани вода
  • 1 коцка Кристал маргарин
  • 100 грама чоколадо
  • 300 грама мелени ореви
  • 600 грама мелени бисквити
  • 50 грама смокви
  • јатки од ореви по потреба.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на умерена температура се става шеќерот и водата. Штом шеќерот ќе се растопи во садот се додаваат маргаринот и чоколадото. Штом маргаринот и чоколадото ќе се растопат, тенџерето се трга од оган.
  2. Потоа се додаваат мелените ореви и бисквитите. Се меша смесата и се остава малку да се излади.
  3. Во меѓувреме се смоквите се ставаат во врела вода. Се земаат една по една и се засекуваат. Во средината на секоја смоква се ставаат јатки од ореви.
  4. Се зема од смесата со бисквитите, се формира мало топче. Со рацете се притиска и во средината се става по една смоква. Потоа се формира бомбица. Бомбиците се валкаат во кокос, се оставаат да се стегнат и се сечат на половина. На здравје!

Рецептот го испратил: Александра Митевска.

Ви предлагаме да прочитате: Домашно топло чоколадо.

Сподели: