Домашно топло чоколадо

Највкусното топло чоколадо е густо, се топи во устата и има фантастичен вкус! А штом е направено со квалитетни намирници од Кристал, рецептот е гарантирано супер. Сликата кажува сѐ, нели?

А овој пат, Кристал реши да ги награди највредните читатели на Сѐ за храна, кои приготвија многу убави рецепти. Ни пристигнаа многу рецепти, а одлуката да се изберат и наградат најдобрите, беше навистина многу тешка. Од добитниците за првата недела, како наш фаворит го избравме рецептот за домашното топло чоколадо од Мартин, кое изгледа фантастично вкусно. Другите наградени рецепти, погледнете ги тука. Ајде да го пробаме и да се згрееме во ладните денови!

кристал топло чоколадо

Состојки:

  • 3 лажички Кристал какао
  • 3 лажички нишесте Кристал
  • 3 лажички шеќер Кристал
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 чаши млеко.

Подготовка:

  1. Во мало тенџере на оган ставете го млекото да се вари.
  2. Во чинија ставете ги какаото, нишестето, шеќерот Кристал и измешајте ги со лажица за да се добие хомогена смеса. Во чинијата додајте екстракт од ванила и млеко по потреба, околу 50 до 100 мл. Мешајте за да се добие течна хомогена смеса.
  3. Во тенџерето со зовриеното млеко додајте ја смесата со какаото. Мешајте за време од 2 до 3 минути додека топлото чоколадо се згусти.
  4. Вареното топло чоколадо турете го во шолји и послужете го веднаш. По желба поросете сечкано чоколадо. На здравје!

Рецептот го испратил: Мартин Богданоски.

Ви предлагаме да прочитате: Пригответе ги празничните трпези со Кристал и освојте награда.

Сподели: