Брза панакота со малини 1

Брза панакота со малини

Ни пристигна сезоната на малите слатки малини. Во нивна чест ние сме во потрага по најубавите десерти со малини, па така наидовме на еден вкусен. Овој пат на блогот на нашата драга пријателка Лана откривме интересна рецепт за брза панакота со малини.

Тешките и чоколадни десерти оставете ги за постудените месеци, сега е време да се препуштиме на уживањето во свежите, овошни десерти кои толку потсетуваат на сладолед. Кремасти, освежителни, вкусни и што е најважно толку брзо и лесно се прават.

Брза панакота со малини 2

Состојки:

  • 200 г слатка павлака
  • 200 г јогурт
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • 1 лажица желатин во прав
  • 200 г малини
  • 4 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 100 мл вода

Подготовка:

  1. Најпрво направете го желето од малини. Во еден сад ставете ги малините, шеќерот и 2 лажици вода.
  2. Пудингот од ванила разматете го со 100-те мл ладна вода и додајте го во малините. Варете 2 минути за желето да се згусни.
  3. Садовите за панакота преплакнете ги со ладна вода и во секој од нив додајте по две лажици од овошното желе. Оставете ги во фрижидер за да се изладат.
  4. На тивка температура загрејте ги слатката павлака, јогуртот и ванилиниот шеќер.
  5. Разматете го желатинот со 4 лажици ладна вода и оставете го неколку минути за да набабри.
  6. Потоа, додајте го во смесата со јогурт и добро промешајте за желатинот да се растопи.
  7. Вака подготвената смеса додајте ја врз изладеното желе од малини.
  8. Садовите ставете ги во фрижидер, со цел панакотата убаво да се стегне. Послужете ја украсена со неколку свежи малини и ливчиња нане.

Ви препорачуваме да прочитате: Овошен сладолед со малини и слатка павлака.

Сподели: