Домашните, кремасти и освежителни сладоледи се добредојдени во летниот период. Имаме различно овошје на располагање, а со него може да се направат супер комбинации. Па, овој пат се одлучивме за домашен сладолед со малини, кој има убава арома и прекрасна розова боја.
Рецептот е едноставен за подготовка, а добиениот сладолед сигурно ќе го освои вашиот вкус.

Состојки:
- 150 грама малини
- 400 грама слатка павлака
- 100 мл млеко
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 2 жолчки од јајца.
Подготовка:
- Во тенџере на оган, на умерена температура ставете поволна од млеко, павлаката и шеќерот.
- Во длабока чинија ставете ги жолчките и ванилиниот шеќер. Изматете ги си виљушка или со жица за матење.
- Жолчките постепено додавајте ги во врелото млеко и мешајте со жица за матење, додека смесата се згусти. Важно е добро да мешате за да нема грутчиња.
- Штом сместа се згусти, тенџерето тргнете го од огнот.
- Одвојте неколку малини, а другите ставете ги во блендер. Изблендирајте ги, а по желба процедете ги. Доколку немате блендер испасирајте ги со виљушка.
- Преостанатото млеко, павлака и шеќер додајте ги во врелата смеса и изматете ги со миксер. На крај додајте ги бленираните малини и измешајте. Сладоледот турете го во пластичен сад и оставете го во замрзнувач за време од 6 до 8 часа. Готовиот сладолед со малини извадете го и послужете го. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Домашен сладолед од јагоди.