Брз колач со смокви

Фантастичниот на лик и брз за подготовка колач со смокви, се прави многу едноставно, а уште повеќе ќе ве воодушеви неговиот посебен вкус. Декоративен и примамлив за очи, а штом е од Клара немаме никаков сомнеж, мора да е добар!

Смоквите се супер храна во секој облик, а нивната енергетска и хранителна вредност е многу голема. Свежите смокви имаат само 80 калории во 100 грама, сувите смокви имаат 276 калории во 100 грама и се полни со хранливи материи потребни за добро здравје на секој човек. Уште од далечното минато, светите религиски книги сведочат за употребата и лековитите својства на смоквите, а доколку сакате да прочитате повеќе за нив, кликнете тука.

Брз колач со смокви

Состојки:

  • 2 јајца
  • 60 гр маргарин или путер
  • рендана кора од 1 портокал
  • 100 гр шеќер
  • 1 капсула арома ванила
  • Прстофат сол
  • 1-2 лажици рум
  • 280 мл јогурт
  • 200 гр гриз
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 3 лажици брашно
  • 6-8 свежи смокви.

Подготовка:

  1. Во поголем сад изматете го маргаринот со шеќерот, а потоа додајте ги ванилата и кората од портокал.
  2. Продолжете да ги додавате и другите состојки. Прво доддете ги јајцата, румот, па јогуртот.
  3. Додајте прстофат сол, а потоа додадете ги гризот и прашокот за печиво, па на крај додадете го брашното.
  4. За печење подгответе калап со големина од 26 см. Прво премачкајте го со маргарин, а потоа посипете со брашно.
  5. Подготвената смеса турете ја во претхоно припремениот калап, а од горе ставете половинки од свежи смокви, но не ги притискајте.
  6. Печете на 180-190 степени, околу 30 до 40 минути. зависно од рерната. Готово е кога малку ќе порумени и при допир тестото не се мрда.
  7. Оставете го добро да се излади, па префрлете го врз рамна чинија, а по желба може да го наросите со шеќер во прав.

Пробајте го, нема да зажалите!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Сподели: