сончогледовото масло 1

Брилијант ги содржи сите корисни карактеристики што ги нуди сончогледовото масло

Најчесто користената состојка во кујната е сончогледовото масло, дали за готвење или за свежи салати. Се користи во мали количини, а според некои истражувања возрасен човек просечно користи/консумира по литар сончогледово масло месечно.

Лажичка или две, во секој оброк, толку малку, а толку корисно и потребно што за поттикнување на вкусот, што од нутритивен аспект. Моќен антиоксиданс, извор на витамин Е, кои карактеристики ги има и какви предности носи со неговото консумирање, повеќе од разговорот со Жаклина Георгиева, шеф на лабораторија во фабрика 3 на П.И. Витаминка ад Прилеп.

Брилијант сончогледовото масло 2

Сончогледовото масло е меѓу најдобрите извори на природен витамин Е и линолна есенцијална масна киселина што го прави едно од најквалитетните масла за јадење. За витаминот Е, треба уште да се знае дека е еден од најмоќните антиоксиданси што го забавува стареењето и гo спречува создавањето на слободните радикали“, објаснува Жаклина Георгиева.

Таа додава дека Сончогледовото масло треба да биде застапено во секојдневната исхрана заради неговата богата нутритивност, висока стабилност и квалитет. И дека на мастите и маслата мораме да им дадеме посебно значење во секојдневната исхрана бидејќи се главен и резервен извор на енергија потребна за  извршување на секојдневните активностите. Мастите и маслата обезбедуваат нормална функција на нашиот организам, бидејќи учествуваат во градбата и одржувањето на клеточните структури, служат како извор на топлина и го штитат телото од ниски температури, овозможуваат апсорпција на важните витамини (А, К, Д и Е) кои се растворливи во масло и се извор на полинезаситени есенцијални масни киселини, кои нашиот организам не може да ги произведе туку мора да ги внесе преку храната“.

Ви препорачуваме да прочитате: Сончогледово масло со омега 3! Нов производ и подобар избор достапен кај нас.

*Спонзориран текст.

Сподели: