сончогледово масло со омега-3

Сончогледово масло со омега 3! Нов производ и подобар избор достапен кај нас

Секојдневно го консумираме, но сигурни сме дека поголемиот број нас малку знаат за хранливата вредност и придобивките од сончогледовото масло. Имавме и причина да размислиме и да побараме повеќе информации. Новото Брилијант масло со омега-3 нѐ мотивира да го реализираме ова истражување и да ве запознаеме повеќе за сончогледовото масло, но и овој нов производ на Витаминка.  

Изборот на поздрави масти може да ви помогне за намалување на ризикот од срцеви заболувања, а во оваа група припаѓа и сончогледовото масло. Повеќето масти во сончогледовото масло се незаситени, а маслото припаѓа во групата на нутритивно богати намирници, според Водичот за исхрана од 2010 година, од Американскиот одел за здравствени и социјални услуги. Како дел од балансираната исхрана, доколку се консумира умерено, сончогледовото масло може да овозможи неколку здравствени придобивки.

сончогледово масло со омега 3

Сончогледовото масло изобилува со омега-6 линоленска киселина, а новото Брилијант омега-3 има уште подобар нутритивен состав

Една лажица сончогледово масло има 8.9 грама на линоленска киселина, која е омега-6 полинезаситена масна киселина и е есенцијален дел од здравата исхрана. Потребите на организмот за омега-6 се 11 до 14 грама на ден. Поголем дел од луѓето внесуваат поголеми количини на омега-6 масни киселини, во споредба со повеќе препорачуваната категорија на масни киселини познати како омега-3. Универзитетот од Мичиген, предлага да се намали внесот на масло од пченка, семе од памук, соја и сончоглед, со цел да се подобри овој баланс на омега-3 и омега-6. Имајќи го во предвид овој факт, технолозите од Витаминка креираа нов производ – Брилијант сончогледово масло кое е збогатено со омега-3 масни киселини. Така, нема потреба да се откажувате од омиленото сончогледово масло, а ќе постигнете баланс на овие две значајни масни киселини.

Калории и масти во сончогледовото масло

Сончогледовото масло содржи 124 калории и 14 грама на масти во една супена лажица. Преку 50% од населението во Македонија има прекумерна или зголемена телесна тежина, а дебелината го зголемува ризикот од хронични заболувања како што се срцевите болести и дијабетесот. Умерената количина на масти во исхраната (20 до 35% од вкупниот број на калории треба да доаѓаат од мастите) или 44 до 78 грама масти на ден, усогласено со диететски план од 2000 калории – може да ви помогне во одржувањето на здрава телесна тежина. Доколку се консумира умерено, сончогледовото масло како дел од групата на здрави масти може да ви помогне во постигнување на оваа цел.

Сончогледовото масло е еден од најбогатите извори на витамин Е

Друга придобивка од консумацијата на сончогледово масло е тоа што е богат извор на витамин Е. Една лажица овозможува 5.6 милиграми на алфа-токоферол, форма на витамин Е, кој е познат антиоксиданс. Сончогледовото масло содржи повеќе витамин Е во споредба со другите извори како што се јаткастите плодови, маслата од кикиритки, маслинки, соја, пченка и маслодајна репка. Витаминот Е може да го зајакне имуниот систем и да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Не содржи холестерол и натриум

Сончогледовото масло содржи мала количина на заситени масни киселини. Овие масни киселини се вбројуваат во групата на „нездрави масти“ затоа што може да го зголемат холестеролот во крвта. Сончогледовото масло не содржи холестерол и натриум, и е одлична замена за солениот путер, кој е богат со заситени масти, холестерол и натриум. Храната богата со холестерол и натриум се препорачува да се ограничи кај лица кои имаат проблеми со покачен крвен притисок.

Зошто да одберете Брилијант со омега-3?

Омега-3 масните киселини се сметаат за пријатели на здравјето. Есенцијалните масни киселини се градбени материи од кои се произведуваат простагландини, кои регулираат голем број функции во телото. Овие простагландини ги намалуваат воспаленијата, проширувањето на крвните садови, ја намалуваат коагулацијата на крвта и нивото на штетниот LDL холестерол, а во исто време го зголемуваат нивото на добриот HDL холестерол.

Омега-3 посебно се значајни се за:

  • кардиоваскуларниот систем
  • важни се за намалување на нивото на триглицериди во крвта
  • го намалуваат интензитетот на воспалителните процеси
  • го зајакнуваат имунитетот
  • помагаат при алергии и псоријаза
  • поволно влијаат за време на бременост, како врз фетусот, така и врз бремената жена.

Многу придобивки кои сега ни се полесно достапни со новото Брилијант омега-3 масло од Витаминка! Омега-6 масни киселини, витамин Е и омега-3 од растително потекло за уште подобар баланс и подобро здравје.

Ви препорачувме да прочитате: Дигестивни бисквити – што се и кои се придобивките?

*Спонзориран текст

Сподели: